Чаша свежо млеко на ден за добро здравје

Свежото млеко е синоним за фантастичен и полн вкус на млеко. Но, една чаша кравјо свежо млеко крие и голем број суштински хранливи материи и е одличен извор на витамини, протеини и калциум кои помагаат во создавањето и зајакнувањето на коските, ги штитат забите и ги хранат мускулите.

casa-svezo-mleko-na-den-za-dobro-zdravje-1.jpg

Токму поради овие значајни позитивни ефекти врз нашиот организам, свежото млеко веќе со години е омиленото млеко на голем број научници и нутриционисти и, секако, на голем број љубители на оваа здрава напивка.

Следејќи ги светските трендови, желбите на потрошувачите, како и препораките од врвните светски нутриционисти, Бимилк на македонскиот пазар нуди висококвалитетно свежо млеко од најдобрите домашни фарми.

За разлика од амбалажата во која бевме навикнати да го купуваме свежото млеко во минатото, Битолското свежо млеко доаѓа во непроѕирна картонска амбалажа којашто обезбедува апсолутна заштита на млекото и на тој начин го одржува неговиот врвен квалитет. Ова млеко содржи богатство од хранливи состојки кои се важни за зачувување на здравјето во ова модерно стресно секојдневие во кое голем дел од популацијата се соочува со здравствени проблеми.

Свежото млеко на Бимилк има голем број протеини, витамини А, Де и Е, минерали, хранливи материи, аминокиселини и калциум. Свежото млеко содржи идеална комбинација на калциум и фосфор која овозможува нивно комплетно искористување во организмот. Во 100 мл млеко има помеѓу 100 и 150 мг. калциум, а дневната потреба на организмот е помеѓу 700 и 1200 мг, во зависност од возраста, полот и здравствената состојба.

Редовното пиење свежо млеко придонесува да имаме здрави коски, мазна и еластична кожа, влијае на спречувањето на дехидратацијата на организмот и помага во борбата против остеопороза.

Препораката од нутриционистите е  редовно да се консумира свежо кравјо млеко, особено помладата популација која сè уште расте и се развива.

Поради своите уникатни карактеристики и богат вкус, Битолското свежо млеко е, без конкуренција, најквалитетното и највкусното кравјо млеко на пазарот.

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава