Луѓето произведуваат морфиум

Глувците, а најверојатно и луѓето можат самостојно да го произведат средството против болки - морфиум, тврди тим од научници кои успеале да...

 

... го изолираат морфиумот кај глувците.

Трагови од морфиум кај човечката урина досега се сметаше како доказ за уживање на опојни дроги или конзумација на намирници кои содржат афион. Меѓутоа студијата не' насочува и кон трет можен извор на морфиум, а тоа е токму самостојното производство на средства против болка во моменти на шок.lugeto-proizveduvaat-morfium

За потребите на истражувањето, научниците на глуфците им вбризгувале хемикалија која, при комплексен процес, афионот го претвора во морфиум.

"Претпоставуваме дека животните во организмот имаат развиено токму таков сложен состав, поради што се во можност сами да произведуваат морфиум", изјавил професорот Мајкл Спитлер од Дортмунд.

Тој исто така додава дека е многу веројатно дека и човечкото тело го има ова својство кое се активира во момент на шок или тешки повреди, се пишува во списанието "Proceedings of the National Academy of Sciences".

Тимот од германско - американски научници се подготвуваат за потврдувањето на тезата и докажување дека и човековиот организам е способен сам да произведува морфиум.

Би можело да ве интересира:

Храна и пијалаци што ќе ви помогнат ако се прејадете за време на празниците (ја намалуваат подуеност... Краставиците содржат висок процент на вода и го хидрираат телото, па може да пом...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
5 работи со кои го нервирате вашиот лекар (и си го загрозувате здравјето) Го одложувате одењето на лекар и сами ја прекинувате терапијата без да се консул...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg