Влакната на четката не смее да се повисоки од 2 сантиметри: Грешки при нега на забите

Многумина сметаат дека сосема доволно е да ги исчеткаат забите 2-3 пати во текот на денот, и завршиле голема работа околу негата на забите.

seriozni-greski-koi-gi-pravite-pri-negata-na-vasite-zabi-1_copy.jpg

Но, доколку ги прашате забарите, сигурно ќе ви посочат неколку работи кои несвесно ги правите погрешно.

Избор на четка за заби

seriozni-greski-koi-gi-pravite-pri-negata-na-vasite-zabi-2.jpg

Најголемата грешка кога ја правите при изборот на четка, е тоа што не обрнувате внимание на мекоста на влакната. Најдобро е да одбирате четки со средно меки влакна, а доколку имате чувствителни заби и непца - бирајте исклучиво меки.

Оптималната должина на „главата“ на четката треба да е 2 до 3 сантиметри, висина на влакната 2 сантиметри и местото за прстот треба да има отприлика 2 сантиметри должина.

Исто така, бирајте четки со гумени делови на стратешки осмислените места, бидејќи тие го спречуваат лизгањето, неправилниот притисок и повредите на непцата.

Важно: четките со тврди влакна треба да се менуваат на 3 месеци, а четките со меки влакна на 2 месеци.

Паста за заби

seriozni-greski-koi-gi-pravite-pri-negata-na-vasite-zabi-3.jpg

Првата и основна грешка е претерувањето со количината на паста за заби. За едно нормално чистење на забите доволна ви е количина колку кикиритка.

Четкање на забите

seriozni-greski-koi-gi-pravite-pri-negata-na-vasite-zabi-4.jpg

Уште една честа грешка е страничното чистење и мрдање на четката лево-десно. Правилната насока е нагоре-надолу.

Исто така, треба да почекате барем 30 минути по оброкот пред да ги измиете забите.

Самиот процес на миење на забите би требало да трае барем 3 минути. Четката треба да ја држите под агол од 45 степени, свртена накај непцата и забите. Секогаш започнете од предните заби и завршете со катниците.

Конец за чистење на забите

seriozni-greski-koi-gi-pravite-pri-negata-na-vasite-zabi-5.jpg

Многу од луѓето ја игнорираат важноста на конецот за чистење на забите. Прво исчистете со конец, па потоа четкајте.

Важно е краевите на конецот добро да ги замотате околу показалците и средниот прст. Исто така, парчето со кое ги чистите непцата не би требало да е пократко од 18 сантиметри.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg