4 совети како полесно да го засакате утрото

Навистина е тешко од фаза „ноќна птица“ да преминете во утрински човек. Утрата многу често знаат да бидат тешки и напорни, особено ако ви заостанале обврски од минатиот ден.

4-soveti-kako-polesno-da-go-zasakate-utroto-2.jpg

Сепак, мора да признаеме дека утрата имаат и своја убавина. Да се пие утринското кафе во придружба на топлите бои на изгрејсонцето е непроценливо доживување.

Доколку сѐ уште не можете да се видите себеси како утрински човек, прочитајте ги следниве неколку совети, можеби тие ќе ви помогнат подобро да се организирате и да успеете.

Почнете со подготовките од вечер

Доколку знаете кои се вашите утрински обврски, погрижете се да намалите колку што можете повеќе од нив, уште пред да си легнете. На пример, испразнете ја машината за садови, подгответе си појадок, одвојте ги алиштата кои планирате да ги облечете и слично.

Оставајте ги работите на исто место 

За да не губите време наутро да барате каде сте ги оставиле клучот, прстените, очилата за сонце и слично, направете си ред. Стекнете навика работите да ги оставате постојано на исто место. Така ќе излезете од дома многу побрзо, без ништо да заборавите.

Наместете го креветот

Нема поубаво чувство од тоа кога знаете дека оставате дома сè средено. Пред да излезете наместете го креветот, тоа ќе ви помогне да се чувствувате поорганизирано, а истовремено ќе спречи да се заседнете или повторно да се испружите на креветот.

Причинете си задоволство

Секако, најважно од сè за да го засакате утрото е да направите нешто што ќе ви претставува вистинско задоволство. Пуштете си музика, напијте се кафе, излезете на тераса и одвојте минута-две за да поуживате во погледот или едноставно седнете и поминете така неколку минути без да правите било што. Едноставно уживајте во сопственото друштво.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава