5 видови на стомак кои нема да исчезнат, иако држите диети

Во пресрет на летото сите девојки сакаат да изгледаат совршено.

5-vidovi-na-stomak-koi-nema-da-isceznat-iako-drzite-dieti-001.jpg

Но, понекогаш и покрај редовното вежбање и правилната исхрана, стомакот никако да се намали.

Џејмс Дуиган (тренерска ѕвезда, чии клиенти се Ел Мак Ферсон и Роси Хунтингтон Вајтли) нуди совети за непосакуваниот обем во пределот на стомакот.

1. Спасувачки круг

Pet-vidovi-stomak-koi-ne-ukazuvaat-deka-imate-visok-kilogrami-02

Карактеристична црта:

  • Двојно заоблен стомак

Причини за појава:

  • Пасивен начин на живот
  • Консумирање благo
  • Зависност од алкохол
  • Исхрана со многу шеќер и рафинирани јаглехидрати (бисквити, колачи и бел леб)

Како да ја подобрите состојбата:

1. Намалување на количеството на алкохол. Пиење по неколку чаши вино, 3-4 пати неделно, ќе резултира со „вински струк“. Откажете се од консумирање алкохол 2 недели, а потоа земајте во ограничени количини.

2. Ревидирајте ја исхраната. Претпочитајте храна со ниско ниво на масти.

3. Најдете време за вежбање. Одете во теретана, на долги прошетки или вежбајте во домашни услови.

Специјални инструкции:

Само доволно вежбање и правилна исхрана. Благодарение на тренингот и новиот начин на исхрана, ќе бидете на чекор од стомакот од соништата, а тоа ќе ви даде нова сила.

2. Стомак поради стрес

Pet-vidovi-stomak-koi-ne-ukazuvaat-deka-imate-visok-kilogrami-03

Карактеристична црта:

  • Масти концентрирани во областа на папокот

Причини за појава:

  • Хроничен стрес
  • Често прескокнување на оброците
  • Големи дози на кофеин
  • Синдром на раздразнети црева
  • Консумирање на брза храна

Како да ја подобрите состојбата:

1. Легнувајте си порано. Кај жените кои се соочуваат со стрес, честото намалено спиење го намалува производството на хормонот лептин кој помага во регулирањето на апетитот и метаболизмот.

2. Релаксација пред спиење. Можете да користите вежби за дишење или долга медитација. Овие здрави навики ќе ви помогнат подобро да спиете.

3. Не претерувајте со вежбање. Претераното кардио ќе го зголеми нивото на кортизол. Практикувајте јога и долги прошетки.

4. Вклучете магнезиум во исхраната. Магнезиумот претставува смирувачки минерал. Го има во темниот зеленчук, оревите и пченичните никулци.

Специјални инструкции:

Пред спиење практикувајте јога, протегнување и пијте чај од камилица. Тоа ќе го намали нивото на кортизол и ќе му помогне на вашето тело да се смири.

3. Низок стомак

Pet-vidovi-stomak-koi-ne-ukazuvaat-deka-imate-visok-kilogrami-04

Карактеристична црта:

  • Тенок стомак, но изразито издолжен во долниот дел

Причини за појава:

  • Скорешна бременост
  • Повторливо и прекумерно вежбање во теретана
  • Монотона исхрана
  • Искривување на `рбетот

Како да ја подобрите состојбата:

1. Храна богата со влакна. Зелен лиснат зеленчук, интегрален леб и други природни извори на растителни влакна.

2. Не ги практикувајте чучнувањата. Доколку имате проблем со искривен `рбет, тоа дополнително ќе го зголеми товарот врз долниот дел на грбот.

3. Рамномерна распределба на товарот. Не го преоптоварувајте телото со физички вежби. Обидете се со кружен тренинг, и посветете внимание на секоја мускулна група одделно.

Специјални инструкции:

Пијте повеќе вода и консумирајте лесно сварлива храна.

4. Стомак на мајка

Pet-vidovi-stomak-koi-ne-ukazuvaat-deka-imate-visok-kilogrami-05

Карактеристична црта:

  • После раѓање (откако ќе помине една година или повеќе) стомакот има облик како при бременост.

Причини за појава:

  • Одвојување малку време за себе. По породувањето, грлото на матката се спушта и многу потешко се стигнува до посакуваните резултати отколку пред бременоста.
  • Започнување со тренинзи премногу рано. По породувањето се препорачува одмор од два до три месеци, пред да се започне со вежбање.
  • Слаби карлични мускули.

Како да ја подобрите состојбата:

1. Вклучете риба во вашата исхрана.

2. Обидете се да внесувате доволни количини на добри масти: ореви, путер, маслинки.

3. Задолжително правете вежби за карлицата.

4. Заборавете на чучнувањата. Ова е најлошото нешто за вашето тело по породувањето. Мора да му дозволите на вашето тело да се опорави.

Специјални инструкции:

Практикувајте истегнување на телото пред спиење. Најдете време за да преспиете и преку ден.

5. Надуен стомак

Pet-vidovi-stomak-koi-ne-ukazuvaat-deka-imate-visok-kilogrami-06

Карактеристична црта:

  • Рамен стомак во утринските часови, кој отекува во текот на денот.

Причини за појава:

  • Алергија на одреден вид храна
  • Небалансирана цревна флора

Како да ја подобрите состојбата:

1. Елиминирајте ги од исхраната продуктите кои не му одговараат на вашето тело. Најчесто тоа може да биде глутен (леб, тестенини), алкохол, квасец, млечни производи (сирење, млеко, путер).

2. Фокусирајте се на диета со многу свеж зеленчук, пилешко и риба. Обидете се да го отстраните глутенот на две недели, и забележете дали надуеноста ќе се намали.

3. Не го прескокнувајте појадокот, и избегнувајте да јадете доцна во ноќта.

Специјални инструкции:

Практикувајте вежби за дишење секое утро, лежејќи на грб. После оброкот, се препорачува прошетка.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg