Алкални плодови кои спречуваат рак, инфаркт и дебелеење
Секојдневната исхрана вклучува многу брза, обработена и генетски модифицирана храна, што на нашиот организам му создава дополнителен напор таа храна да ја обработи.

Таквата храна е нутритивно сиромашна, но притоа соджи многубројни штетни состојки кои создаваат дисбаланс во pH вредноста на нашиот организам.
За човековиот организам идеална е алкалната средина, а за да ја постигнете треба да избегнувате храна која создава кисела средина и значително го ослабува нашиот имун систем. Наместо неа, препорачливи се алкалните плодови.
Ова се најдобрите алкални состојки кои можете да ги консумирате за да постигнете баланс:
1. Маслиново масло, диња, ленено семе, блитва, морков

- Маслиновото масло е богато со витамин Е и монозаситени масни киселини.
- Дињата е одлична алкална состојка со Ph вредност 8,5. Содржи 92% вода и е богата со влакна, па одлично го чисти дебелото црево.
- Лененото семе е богато со влакна и витамин Е. Исто така ги намалува топлотните бранови при менопауза.
- Блитвата ги спречува осштетувањата предизвикани од слободните радикали.
- Морковот е богат со бета каротен и го подобрува видот.
2. Манго, кисела зелка, ананас, краставица, грејпфрут, магдонос

- Мангото помага при чистењето на дебелото црево.
- Киселата зелка е богата со пробиотски бактерии.
- Ананасот е одличен за слабеење.
- Краставицата содржи 90% вода, па идеално го хидрира телото.
- Грејпфрутот е добар извор на повеќе витамини.
- Магдоносот го прочистува дигестивниот тракт.
3. Киноа, бобинки, папаја, авокадо, прокељ

- Киноата го регулира шеќерот во крвта.
- Бобинките се одличен извор на антиоксиданси.
- Папајата има лаксативно дејство и го чисти дебелото црево.
- Мангото е богато со монозаситени масти кои го одржуваат здравјето на срцето.
- Бананите се одлична суперхрана.
- Прокељот може да го спречи настанувањето на канцерогени клетки.
4. Луцерка, лук, брокула, морски алги, грозје, спанаќ, лимон

- Луцерката ги доведува хормоните во рамнотежа. Содржи бројни ензими и лесно се вари.
- Лукот поседува многубројни лековити својства, меѓу кои е и регулацијата на крвниот притисок.
- Брокулата сварена на пареа го намалува нивото на холестеролот.
- Морските алги се богати со железо и го алкализираат организмот.
- Грозјето е богато со антиоксиданси и витамини, а го намалува и крвниот притисок.
- Спанаќот е зеленчук најбогат со витамини и минерали.
- Лимонот е богат со витамин Ц, и одличен сојузник во борбата против грип и кашлицата.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк?
Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“
„Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па...
„Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб...
Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер
Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите
Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...