Релаксирачки јога вежби со кои ќе спиете „како бебе“

Ако навечер често имате проблеми со заспивањето, посебно заради болките во грбот, треба да се релаксирате со помош на четири едноставни вежби.

4-vezbi-za-da-se-relaksirate-i-da-spiete-kako-bebe-01.jpg

Еве што треба да правите:

1. Поза ослободување

На овој начин го ослободувате грбот од стресот кој го претрпува преку текот на целиот ден, посебно во пределот на колковите и половината.

Како да ја правите?

  • Легнете на грб и релаксирајте се
  • Навалете ги колената кон стомакот
  • Вдишувајте додека силно ги прегрнувате колената и ги влечете кон лицето
  • Издишувајте и носете ги нозете наназад кон стомакот
  • Цело време, дишете длабоко
  • Вежбата правете ја околу една минута

4-vezbi-za-da-se-relaksirate-i-da-spiete-kako-bebe-1.jpg

2. Нозе на ѕид

Во оваа поза ги релаксирате нозете и грбот, притоа, ги отворате градите и можете полесно да дишете.

Како да ја правите?

  • Ставете перница на долниот дел од грбот и задникот
  • Лежете така притискајќи го задникот кон ѕидот
  • Одморајте се во оваа позиција околу една минута

4-vezbi-za-da-se-relaksirate-i-da-spiete-kako-bebe-2.jpg

3. Вежби во вид на бран

Со помош на оваа вежба уште повеќе ќе успеете да ги релаксирате грбот и нозете, па и вратот.

Чекор број 1:

  • Легнете на грб
  • Нишајте ги нозете од една на друга страна на најопуштен можен начин и додека го правите тоа, нишајте ја и главата од една на друга страна.
  • Вежбата правете ја околу една минута

4-vezbi-za-da-se-relaksirate-i-da-spiete-kako-bebe-3.jpg

Чекор број 2:

  • Легнете на стомак, наместете перница на главата и долниот дел од грбот.
  • Нишајте ги нозете од една на друга страна и вртете ја главата од една на друга страна
  • Правете ја вежбата цела една минута

4-vezbi-za-da-se-relaksirate-i-da-spiete-kako-bebe-5.jpg

4. „Савасана“

Оваа вежба најдобро е да ја правите пред спиење за да се релаксирате и полесно да можете да заспиете

Како да ја правите?

  • Легнете на грб, нозете одвојте ги малку, а исто така и рацете
  • Релаксирајте го целото тело и дишете длабоко околу 20 пати
  • Полека, но сигурно ќе забележите дека телото комплетно ви се релаксира

4-vezbi-za-da-se-relaksirate-i-da-spiete-kako-bebe-4_copy.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава