Време е за велосипед!

vreme-e-za-velosiped-povekjeКога ќе се потзатопли времево, а најмногу инспирирани од гужвата во јавниот превоз, желбата за подобра линија и подобра кондиција...

 

...– тогаш е време за возење велосипед.

Не постои подобар, поефтин и поедноставен начин да го зацврстите своето тело и да направите нешто за своето здравје.

vreme-e-za-velosiped

Возењето велосипед е одлична опција за луѓето кои се постојано во движење и немаат време за спортски активности – додека да стигнете на потребната локација вие постојано вежбате возејќи. Две муви – со еден потег.

Го вежбате целото тело. Првенствено нозете и задникот, но бидејќи одржувате рамнотежа со горниот дел од телото – опфатени се и овие мускули.

Ако ви недостасува енергија и сила време е за велосипед. Едно истражување покажало дека возењето ја зголемува нашата енергија за 20%, а го намалува чувството на умор за 65%.

Ги штеди вашите зглобови. За разлика од трчањето, со педалите не се оптеретени вашите зглобови.

Внимавајте само седиштето да е добро наместено – вашите нозе не смеат да бидат во исправена состојба, а со подигањето мора да правите агол од 90 степени.

Возењето велосипед го штити вашето срце. Истражувањата покажале дека со три пати неделно по половина час возење – ќе имате подобар крвен притисок и нема да имате проблеми со холестерол.

Евтино е. Велосипед купувате еднаш и секогаш го имате за себе. За разлика од чланарината во теретана.
Велосипедот е одличен и за дружење. Се забавувате, а истовремено и си возите.

 

Би можело да ве интересира:

Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg