Колку време треба да вежбате за да ја потрошите брзата храна?

Секој од нас одвреме-навреме си дозволува да јаде брза храна. Секако, летото кое е на чекор од нас, не ни ја олеснува целата ситуација.

kolku-vreme-treba-da-vezbate-za-da-ja-potroshite-brzata-hrana-001.jpg

Коктели за време на викендите на плажа, скара со друштвото, пица на парче при вечерните прошетки, се дефинитивно само дел од работите на кои никој не може да им одолее.

Па, доколку сакате да вежбате повеќе во текот на неделата, со цел да гo потрошите вишокот на внесени калории, следните информации може да бидат корисни за вас.

Во продолжение можете да погледнете колкав дел од времето треба да го поминете во вежбање, за да ја „потрошите“ брзата храна која сте ја јаделе во текот на денот.

Една лименка газиран сок содржи 138 калории.

За да ги потрошите овие калории потребно е да трчате 13 минути.

Со јадење на ¼ пица вие внесувате 449 калории.

Доколку сакате да ги изгубите овие калории потребно е да трчате 43 минути.

50 грама кикирики содржат 296 калории.

Па, доколку сакате да ги потрошите внесените калории од грицкање, потребно е да трчате 28 минути.

Едно пакување чипс од 100 грама содржи околу 170 калории.

Од овој тип на калории најлесно можете да се ослободите со 16-минутно трчање.

Доколку изедете чизбургер вие внесувате бомбастични 700 калории.

За да ги согорите овие калории, би требало да играте бадминтон цели 2 часа и 13 минути.

Со јадење на само еден хот-дог, вие внесувате 366 калории.

Вака внесените калории можете да ги потрошите со час и половина играње на голф.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава