5 причини кои може да предизвикаат проблем со циклусот во лето

Летото е време за опуштање, помалку обврски, повеќе време поминато надвор на сонце и повеќе патување. Иако едвај го чекате, сепак тоа има и свои негативни страни, бидејќи овие работи може да му направат многу непријатни промени на вашиот циклус.

5-raboti-poradi-koi-bi-mozele-da-imate-problem-so-ciklusot-ova-leto-1_copy.jpg

Дури и најточните циклуси можат да бидат пореметени поради овие летни активности:

1. Прекумерно вежбање

Сите сме поактивни во лето. Прво, затоа што сакаме да изгледаме колку е можно подобро на плажа, па вежбаме многу повеќе за да надокнадиме, а и поради тоа што многу повеќе практикуваме летни прошетки.

Сè во нашето тело е поврзано - хормоните, мозокот и репродуктивниот систем. Ако наеднаш почнеме да вежбаме поагресивно и нашиот циклус почнува да доцни тоа значи дека време е да намалиме на вежбањето.

Вашето тело ви кажува дека сте претерале и дека ги нема потребните ресури за да го издржи притисокот.

2. Брзо намалување или зголемување на тежината

Вежбањето оди рака под рака и со промена на начинот на исхрана. Сепак, постои недоразбирање за тоа дека треба да се јаде колку е можно помалку. Кога вашето тело се соочува со вакви изненадни промени во исхраната, циклусот е тој кој веднаш тоа го забележува.

Ако накачите многу тежина, вашиот циклус може да стане абнормален. Еднаш може да биде неумерен и тежок, а следен месец може воопшто и да го нема. Ако намалите тежина, тогаш еден месец може да биде полесен, а другиот повторно да го нема воопшто.

3. Стресен период

Овој период може да биде полн со венчавки, дипломски, преселувања, почнување со нова работа, или со грижа за да најдете работа. Големите промени во животот се една од најголемите причини за стрес.

Мозокот игра витална улога во вашиот циклус, па така ако сте под значителен стрес, тоа може да влијае на вашите хормони и да ја одложи овулацијата, а со тоа и наредниот циклус.

4. Инфекции од топлото време

Промени во времето од ладно на топло, можат да влијаат и врз зголемувањето на бројот на бактериски инфекции, кои можат да бидат причина за абнормален циклус. Затоа во летните месеци не носете многу тесна облека и носете памучен долен веш.

Пијте многу течности и не останувајте многу долго во мокри бикини, откако ќе се бањате.

5. Хормонска терапија

Контрацептивните пилули се тренд кој е сè уште во раст кај жените. На тој начин го регулирате циклусот и сте сигурни дека нема да се појави во несакан период кога имате важен настан или кога одите на одмор.

Но, сепак на телото му треба време да се навикне да функционира со нив, или без нив ако сте ги користеле подолг период. На овој начин циклусот може да доцни и повеќе недели и месеци.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg