Водич за ментален фитнес и подобра емоционална состојба

Секогаш мислиме дека менталните болести им се случуваат на други луѓе таму некаде далеку. Но, за жал не е така и предоцна се освестуваме.

5-soveti-za-mentalen-fitnes-i-podobruvanje-na-vashata-emocionalna-sostojba-01

Одржувањето и подобрувањето на менталното здравје е лесно да се објасни, но е вистински предизвик да се успее во тоа. За физички фитнес имате теретани, Youtube упатства со вежби, безбројни магазини со конкретни вежби, но кога е менталното здравје во прашање ситуацијата е поинаква.

Доколку сė уште не можете да закрепнете од зимското сивило, еве неколку совети за подобрување на менталното здравје:

Започнете го денот офлајн

На првата работа наутро пристапете ѝ како на вежба околу тоа како сакате вашиот мозок да се однесува тој ден. Ако се разбудите и веднаш го грабнете телефонот за да ги проверите новостите на Фејсбук и пораките, надевајќи се дека некој помислил на вас, немој да бидете изненадени ако вашиот мозок се однесува така во текот на остатокот од денот. Постојано ќе бидете деконцентрирани и ќе се грижите дали некој ви стиснал „лајк“.

Научете да го држите телефонот покрај креветот, но изберете да направите нешто друго штом се разбудите. Уште утре започнете со оваа практика.

Не чекајте мотивација

Бркањето на чувства е вистински предизвик за менталното здравје. Кога се бориме, сė е околу постигнување на некаква сигурност, безбедност, олеснување, па дури и мотивација. Сето ова води кон анксиозност, несигурност и помалку време и енергија за работите што ги сакаме.

Вашиот мозок некогаш ќе ви каже да не излегувате со луѓе или дека не сте подготвени за да ги направите важните работи што ги одложувавте, но не слушајте го. Чувствата, како мотивацијата, доаѓаат откако ќе ги направите работите во кои уживате, не пред тоа.

Поздравете ја анксиозноста

Не бидете заробени во кафез ако верувате дека не можете да направите некои работи кога се чувствувате анксиозно или депресивно. Начин за да го подобрите вашето ментално здравје не е да избегнувате искуства, туку да научите како да се справите со нив.

Како што не можете да очекувате да направите цврсти мускули ако не се испотите добро, слично е и со менталното здравје. Треба да го предизвикувате вашиот мозок за да развие нови вештини. Ова лето најдете работи што ви значат, а сте избегнувале да ги правите и направете ги.

Фокусирајте се на поддршката, не на далечните цели

Колку пати сте изјавиле дека ова лето ќе биде летото кога работите ќе се променат и потоа ништо не се менува? Тоа често се случува бидејќи целите кои ги бркате се всушност резултати на целите кои треба да ги бркате. Се обидувате да го преминете океанот, без пред тоа да изградите брод.

Наместо да си поставите цел да направите витка става летово, прво поставете си цел да готвите здрав ручек секоја недела. Преку ваквите подостижни цели сте сė поблиску до успехот.

Разговарајте за тоа каде одите

Ако не знаете да пливате и завршите во океанот, ќе се борите. Ако се запишете на часови по пливање потоа значи дека не сакате да бидете давеник и ќе научите како да пливате. Но, кога е менталното здравје во прашање на луѓето сакаме да им лепиме етикети, дури и ако потоа учат вештини за да ги надминат предизвиците.

Нема многу луѓе да ве поддржат во давењето, но ќе се изненадите колку многу луѓе ќе бидат подготвени да ви помогнат ако сакате да научите нови вештини. Зборувајте за новите работи што сакате да ги научите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg