Масната храна ја намалува способноста за паметење: Интересни факти поврзани со исхраната

Верувале или не, но храната што секојдневно ја јадеме директно влијае на функционирањето на нашиот мозок.

polnomasnata-hrana-ja-namaluva-sposobnosta-za-pamtenje-i-nekolku-drugi-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-a-se-povrzani-do-vashata-ishrana-2.jpg

Не е тајна дека храната всушност може да го забави целиот организам, а прејаденоста често знае да ни го намали притисокот и да не направи поспани.

Во продолжение прочитајте каков тип на исхрана треба да избегнуваме доколку сакаме да ги сочуваме главните функции на мозокот на високо ниво:

Полномасна храна

Дали сте знаеле дека полномасната храна всушност ја забавува способноста на мозокот да прима нови информации и истите да ги запомнува?

Зависно од тоа колку сте изеле, ваквата состојба може да трае најмалку 10 минути по внесениот оброк. Полномасната храна од типот на: сендвичи со сланина и мајонез, кулен, хамбургери, како и сите видови на полномасни млечни производи претставуваат еден вид на бомба за организмот, па затоа препорачливо е да не ги внесувате во големи количини и премногу често.

polnomasnata-hrana-ja-namaluva-sposobnosta-za-pamtenje-i-nekolku-drugi-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-a-se-povrzani-do-vashata-ishrana-3.jpg

Бела храна

Белата храна од типот на бел ориз, компир, бел леб, тестенини, енергетски пијалаци и шеќер го зголемуваат гликемичниот индекс на телото, односно го покачуваат нивото на шеќер во крвта, што пак доведува до замор на целиот организам.

polnomasnata-hrana-ja-namaluva-sposobnosta-za-pamtenje-i-nekolku-drugi-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-a-se-povrzani-do-vashata-ishrana-4.jpg

Делумно хидрогенизирани масла

Се смета дека најлошата храна на светот е делумно хидрогенизираната храна, односно слатки од фабричко производство, чипсови, пржена храна и сл. Ваквата храна тешко се разработува во телото, а остатоците се „закачуваат“ како заканувачки токсини, што пак може да доведе до срцеви заболувања и Алцхајмерова болест.

Според една студија од областа на неврологијата докажано било дека луѓето кои консумираат високо ниво на транс-масти имаат пониски когнитивни способности и помали мозоци во поодминатите години.

polnomasnata-hrana-ja-namaluva-sposobnosta-za-pamtenje-i-nekolku-drugi-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-a-se-povrzani-do-vashata-ishrana-5.jpg

За да ги забавите негативните ефекти од ваквиот тип на исхрана потребно е да внесувате поголемо количество на производи кои што ги забрзуваат функциите на вашиот мозок.

Па, така препорачливо е да консумирате авокадо, вишни, брокула, риба и листести зеленчуци, но она што дефинитивно му е најпотребно на вашиот мозок за да се избори со сите токсини кои ги внесувате е цеден сок од свежо цвекло.

polnomasnata-hrana-ja-namaluva-sposobnosta-za-pamtenje-i-nekolku-drugi-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-a-se-povrzani-do-vashata-ishrana-6.jpg

Доколку не можете да го поднесете неговиот вкус, исцедете го во комбинација со морков и јаболко. На овој начин вкусот на железо едноставно ќе исчезне.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Како да препознаете дали вашето дете има крупни сипаници и како да му помогнете? Колку дена децата што имаат сипаници се заразни, како можете да му помогнете на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg