Зошто подобро спиете кога не сте сами во кревет?

Првата ноќ помината во кревет со нов партнер не е никогаш лесна. Додека рацете и нозете ви трпнеат, па настапува вистинска борба околу прекривката, се прашувате дали личноста покрај вас сака да спие прегрната, или, пак, сама и оставена на мир...

zoshto-podobro-spiete-koga-ne-ste-sami-vo-krevet-1.jpg

Меѓутоа, како што времето полека одминува, веќе не можете ни да замислите да заспиете без саканата личност покрај себе. Најновото научно истражување под назив „Повеќе од секс“, открива дека постојат мошне конкретни причини за ваквата промена.

Истражувањето вклучувало следење на сонот кај петнаесет хетеросексуални парови. Се дошло до сознание дека сонот кај младите мажи кои спијат со своите партнерки е подолг, односно дека тие стануваат нешто покасно од вообичаеното.

zoshto-podobro-spiete-koga-ne-ste-sami-vo-krevet-2.jpg

Воедно, без оглед што квалитетот и квантитетот на сонот кај испитаниците не се менувал во значителна мера кога спиеле одвоено, и тогаш кога спиеле заедно со своите партнери, сепак, сите имале впечаток дека подобро се одмориле и поубаво се наспале, кога креветот го делеле со драгата особа.

Заклучокот е дека до подобро спиење доаѓа како последица на чувството на љубов, приврзаност и доверба, која вљубените парови ја чувствуваат едни кон други. Оттука, сонот покрај саканата личност е добар за психичката стабилност и чувството на опуштеност.  

zoshto-podobro-spiete-koga-ne-ste-sami-vo-krevet-3.jpg

Резултатите ги поткрепуваат и наодите објавени од „Wall Street Journal“ во 2012 година, според кои, спиењето заедно има и здравствени бенефиции за партнерите:

„Споделувањето на креветот може исто така да ги намали цитокините, кои влијаат на имунолошкиот систем и предизвикуваат воспалителни процеси во организмот, како и да го поттикне окситоцинот, таканаречениот хормон за љубов, за кој се знае дека ја олеснува анксиозноста, a се произведува во истиот дел од мозокот што е одговорен за циклусот на спиење.

zoshto-podobro-spiete-koga-ne-ste-sami-vo-krevet-4.jpg

Како што самата врска напредува, така со времето се усогласуваат и навиките во текот на спиењето на двајцата партнери.

Затоа, кога и да можете, гушнете ја својата втора половина, и додека заедно тонете во сон, посакајте си добра ноќ и убави сништа.

zoshto-podobro-spiete-koga-ne-ste-sami-vo-krevet-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Будење во текот на ноќта и уште 4 навики во спиењето кои се скриен знак за АДХД Кога сме под стрес, нормално е да ни биде тешко да го „исклучиме“ мозокот и да н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg