Како вашата телесна тежина влијае на квалитетот на вашата сперма?

Вишокот килограми води кон неквалитетна сперма, забавени сперматозоиди и нарушување на нивото на хормони.

vashata telesna tezina vlijae na kvalitetot na vashata sperma 01

Како што веќе знаете, прекумерната тежина може да влијае на вашето здравје на многу начини.

Вишокот килограми води до зголемен крвен притисок, зголемен холестерол, дијабетес и срцеви заболувања. Но, едно ново истражување покажа дека ви прави проблеми и со плодноста.

Истражувањето на магазинот „International Journal of Andrologyanalyzed“ опфати примероци на сперма од 1.285 мажи. Тие открија дека мажите чиј индекс на телесната тежина (BMI) е 30 или повеќе имаат помалку сперма, помалку сперматозоиди, намалена концентрација на спермата, намалена подвижност на сперматозоидите и поголеми дефекти на спермата.

Научниците веруваат и дека прекумерната тежина може да го наруши нивото на хормони, посочувајќи на тестостеронот и естрогенот.

„Здравјето и репродуктивната изведба на сперматозоидите кај дебелите мажи е многу поверојатно да биде компормитирана и квалитативно и квантитативно“, вели водечкиот доктор на истражувањето Готумукала Рамарају. „Резултатите од разгледувањето на сегашните податоци на двојките што се борат со неплодност се дека на мажите им се советува намалување на телесната маса пред зачнувањето.“

Ако сакате да го подобрите вашето здравје, и плодноста со тоа, намалете со преработената храна и шеќерите. Започнете со вежбање и начин на исхрана во кој ќе нема место за торти и бел леб.

Во текот на една седмица треба да потрошите 2 часа и 30 минути на средно интензивна аеробик активност или 1 час и 15 минути на високо интензивна аеробик активност. Исто така, треба да додадете и вежби за градба на мускулите и да воспоставите рутина на вежбање од овој тип 2,3 пати во седмицата.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава