Симптоми кои може да значат рак на градите и не треба да ги игнорирате

Грутката не е единствениот знак за рак на градите, внимавајте и на набабрените вени, променетата текстура на кожата, осипите и уште неколку симптоми заради кои е добро да се консултирате со лекар.

simptomi-za-rak-na-gradite-na-koi-treba-da-vnimavate-01.png

Ракот на гради не бира според вашиот социјален статус, професионален успех или богатство - секој може да го добие. И ако не ги откриете знаците навреме ќе ви стане навистина тешко да се изборите со него.

И покрај тоа што и многу познати дами ширум светот се борат со ракот на гради и јавно говорат за него, сепак многу од нас навистина малку знаат за него.

Жените се советувани да започнат со проверување на нивните гради во нивните 20-ти години. Грутката на градите не е единствената работа на која треба да внимавате.

Еве едноставен водич за кои знаци треба да бидете свесни, но пред да кренете паника и носите заклучоци, задолжително консултирајте се со лекар, ако забележите:

Промена во големината или формата на градите

Градите се прекрасна работа и доаѓаат во најразлични форми и големини. Но, ако вашите започнат да се менуваат на страна од менструалниот период или бременоста, тоа е предупредувачки знак.

Прегледувајте ги редовно за да знаете дали го имаат вообичаениот изглед и запишете во табела доколку забележите промени.

Превртена брадавица

Некои луѓе се родени со превртени брадавици, но ако вашите ненадејно започнат да одат навнатре или ја менуваат формата на некој начин, време е за проверка.

Црвенило, осип или ранички на кожата

Сите добиваме осипи од време навреме, но ако ви се појави некој на градите или околу брадавиците и не ви поминува брзо, посетете го вашиот доктор.

Исцедок од брадавицата

Ако ви излезе исцедок од брадавицата без да ја стискате, проверете се.

Вовлекување

Какво било вовлекување не е нормално.

Оток под пазувите или клучната коска

Понекогаш отекувате под пазувите во време на менструалниот период, но ако не ви поминува и по завршувањето на периодот, тогаш на проверка.

Промена во текстурата на кожата

Направете проверка на доктор ако кожата околу брадавиците станува сјајна или почнува да личи на кора од портокал.

Константна болка

Може да ве заболат градите, но не треба да чувствувате константна болка во нив.

Набабрена вена

Ако некоја вена на градите значително расте и станува видлива, може да станува збор за тумор кој блокира некој крвен сад.

Грутка

Осигурајте се дека вие, па и партнерот постојано ги проверувате вашите гради дали имаат некоја грутка.

Ваша работа е да се грижите за своето здравје, па за каква било промена консултирајте се со вашиот доктор.

Прочитајте и охрабрувачко интервју со наша соговорничка: Вања Мицевска се избори со ракот на 26 години: „Имаш рак - се срушив, нозете не ме држеа, но научив важни лекции“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg