Дали ќе бидете поздрави ако секој ден пиете кафе?


Дали ќе бидете поздрави ако секој ден пиете кафе?

Покрај тоа што одлично ве расонува наутро, кафето штити од дијабетес тип 2, срцеви удари, депресија и многу други болести.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 001

Ако сте еден од оние луѓе кои не можат да го замислат почетокот на денот без шолја кафе, тогаш имаме одлична вест за вас – кафето што го пиете секој ден најверојатно е добро за вашето здравје.

Без разлика дали пиете обично турско кафе или денот го започнувате со макијато, кофеинот што ве размрдува не е единствената придобивка од вашата утринска шолја радост.

Ова се долгорочните позитивни ефекти што кафето ги има врз вашето здравје:

Ги ублажува симптомите на Паркинсоновата болест

Кафето што секој ден го пијат пациентите со Паркинсонова болест им помага подобро да ги контролираат движењата, откри студија на Американската академија за неврологија.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 01

Штити од дијабетес тип 2

Кафето содржи минерали како магнезиум и хром, кои му помагаат на телото подобро да го користи хормонот инсулин, кој го контролира шеќерот во крвта.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 02

Ја намалува депресијата кај жените

Жените кои редовно пијат кафе имаат 20 проценти помал ризик од депресија за разлика од оние кои не пијат.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 03

Ја зголемува долговечноста

Некои истражувања покажаа дека постои врска помеѓу консумацијата на кафе и долговечноста. Фантастично, зарем не? Кафето прави да чувствувате дека имате повеќе време во денот, но всушност и ви го продолжува животот.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 04

Помага против запек

Едно неодамнешно истражување покажа дека околу 30 проценти од луѓето имаат потреба да го посетат тоалетот по пиење на шолја кафе.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 05

Ве обезбедува со антиоксиданси

Кафето е богато со антиоксиданси, кои се одлични за вашето здравје. Всушност, тие може да се борат против одредени видови на рак.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 06

Ве штити од болести на црниот дроб

Кафето не само што ви помага да надминете мамурлак, туку и ви помага во одржувањето на црниот дроб здрав.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 07

Ги намалува шансите за срцев удар

Ако пиете нормална количина на кафе (не премногу), тоа може да доведе до мало намалување на шансите за срцев удар, особено кај жените.

8 neverojatni pridobivki od pienjeto kafe sekoj den 08

Сепак иако кафето е добро за вас, не треба со него да ги замените другите пијалаци како вода, млеко и овошни сокови. Исто така, внимавајте и на количината на шеќер што ја ставате во него.

На ден не смеете да пиете повеќе од четири шолји кафе, а ако страдате од несоница или други негативни пропратни ефекти намалете ја количината.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе му се случи на вашето тело ако живеете една седмица без стрес? Само една седмица релаксираност и смирен ум ќе направи чуда за вас. Без раз...
Зошто не треба да пиете вода од пластично шише кое ви стоело во автомобил на топло? Жештините честопати сакаме да си ги олесниме додека поминуваме време во автомоби...
9 сигнали од телото кои треба да ги сфатите сериозно Телото е најкомплицираната машинерија која постојано ни испраќа сигнали кога нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg