7 работи кои жените не би требало да ги прават за време на оние денови

Секоја жена пребарала и веќе знае што би требало да прави додека има менструација, што да јаде за да ги олесни болките, која позиција на спиење е најудобна, открила која облека е најкомфорна...

7-raboti-koi-zenite-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-dodeka-imaat-menstruacija-001.jpg

Денес се фокусираме на она што НЕ треба да прави за тие неколку дена да не бидат уште покомплицирани:

1. Не гледајте депресивни филмови

Доволен ви е падот на расположението предизвикано од хормоните, нема потреба од дополнително комплицирање.

2. Не се депилирајте

За време на менструацијата депилацијата е многу поболна заради ниското ниво на естроген.

3. Не ги прескокнувајте тренинзите

Освен ако немате силни болки, во секој друг случај би требало да практикувате лесни вежби и за време на менструалниот период.

4. Не претерувајте со хигиената

Нормално е да сакате секој дел од телото да биде перфектно чист, но во овие денови не претерувајте со агресивни препарати, мириси и долги купки во када.

5. Не смее да ја носите истата заштита цел работен ден

Колку и да ви изгледа непријатно да ја промените заштитната влошка или тампон на работното место, имајте на ум дека не сте единствени и дека хигиената е поважна.

6. Не се одлучувајте за незаштитен секс

Срамота би било да верувате во митот дека додека имате менструација не може да забремените.

7. Не би требало да јадете брза храна

Нездравата храна само ги влошува болките во стомакот, па затоа секогаш е подобро да одберете домашно подготвен сендвич или салата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg