Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 докажани начини за одморање на очите и подобрување на видот

Дали по долгиот работен ден чувствувате притисок и замор во пределот на очите? Овие совети ќе ви помогнат.

9-dokazani-nachini-za-odmoranje-na-ochite-i-podobruvanje-na-vidot-01.jpg

Главниот принцип на медицината е - ако не користите одреден мускул, тој слабее.

Како и сите други мускули во телото, така и мускулите во вашите очите бараат тренинг.

Еве топ 9 начини како да го одржувате здравјето на вашите очи:

1. Избегнувајте го преоптоварувањето на очите во текот на денот. Затворајте ги очите на неколку минути на секои 2, 3 часа и почувствувајте го мирот.

2. Ако носите диоптерски очила, вадете ги почесто. Намалете го времето на носење во текот на денот за вашите очни мускули да се размрдаат.

3. Масирајте ги очите со нежни кружни движења. Движете се од точка 1 до точка 6, како што е прикажано на фотографијата. Притиснете ги нежно очите за да почувствувате мал притисок, но дефинитивно не и болка.

9-dokazani-nachini-za-odmoranje-na-ochite-i-podobruvanje-na-vidot-05.jpg

4. Кога сте на прошетка надвор, обидете се да се фокусирате на далечни предмети, а не на вашите нозе или на нешто веднаш пред вас.

5. Пијте сок од морков колку што можете почесто. Би било одлично и секој ден. Во сокот додадете и една, две капки маслиново масло, тоа нема да го расипе вкусот, но ќе ви помогне да ги апсорбирате здравите елементи од морковот.

9-dokazani-nachini-za-odmoranje-na-ochite-i-podobruvanje-na-vidot-02.jpg

6. Кога очите ви се уморни, измијте ги со топла вода.

7. Ако очите ви се иритирани навечер, може да користите сок од алое вера, наместо обични капки. Сепак, консултирајте се со доктор пред да го сторите ова.

9-dokazani-nachini-za-odmoranje-na-ochite-i-podobruvanje-na-vidot-03.jpg

8. Обидете се да не гледате во екранот од компјутерот, телефонот или телевизорот најмалку два часа пред спиење.

9. Обидете се со оваа индиска техника за вежбање на очите. Ќе ви помогне вашиот ум и очи да останат фокусирани.

Седнете пред објект ставен на отворен простор (свеќа, на пример). Фокусирајте ги очите и целото ваше внимание кон тоа. Обидете се да не трепкате. Треба да целите да имате детална слика на објектот во вашиот ум и меморија.

Потоа затворете ги очите и фокусирајте го вниманието на просторот помеѓу вашите веѓи, обидувајќи се да ја задржите сликата на објектот во вашата глава колку што можете подолго. Правете го ова 10 минути.

Целта на вежбата е со остар фокус да постигнете јасна слика на работите кои ви се пред очи.

9-dokazani-nachini-za-odmoranje-na-ochite-i-podobruvanje-na-vidot-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Исповед на скопјанка: „Влегов во менопауза и почнав да се менувам - зошто сакам да ‘излезам’ од сопс... „Топло-ладните флешови ги замени нешто уште пострашно - неконтролирано ноќно пот...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg