Чистењето на ушите може да ви открие каква ви е здравствената состојба
Чистењето на ушите со меко стапче на неколку дена е хигиенска навика која ја стекнуваме од мали нозе.

Но, ретко кој човек знае дека бојата на ушниот восок може да ја открие целокупната здравствена состојба, како и можните ризици и проблеми.
Затоа следен пат проверете ја бојата и текстурата, нека не ви биде гадно.
Сива боја
Во повеќето случаи, се работи само за наталожена прашина. Доколку немате други болки и симптоми, веројатно само се движите во загаден простор.

Траги од крв
Ако забележите и најмала точка крв ова може да укажува на оштетувања на мембраната, односно инфекција. Задолжително посетете доктор пред да ви страда слухот.

Кафеави траги
Затемнетиот уштен восок е знак дека сте претрпеле голем стрес во последно време. Неопходна ви е релаксација.

Црни траги
Ова е сериозен знак за тревога, кој доколку е проследен со чешање, пецкање или болка, мора да посетите доктор. Црните траги исто така се знак дека во телото има габична инфекција.

Бела боја
Доколку ушниот восок е побел од вообичаено, значи дека ви недостасува железо.

Траги со непријатен мирис
Секој непријатен мирис е знак дека има инфекција, па не би требало да го игнорирате овој знак.

Потечна текстура
Доколку ушниот восок е потечен, тоа е знак дека увото ви претрпело некаква физичка повреда или е на почетокот од воспалителен процес. Задолжително посетете специјалист.

Сува текстура
Ова е знак за недостаток на масти во вашето тело. Обидете се да консумирате повеќе храна со здрави масти. Уште една причина за сувата текстура може да бидат и кожните болести.

М. Д. | Црнобело
