Секојдневни парчиња облека кои влијаат штетно на здравјето
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Секојдневни парчиња облека кои влијаат штетно на здравјето

Има одредени парчиња облека кои ги носиме редовно, бидејќи прават да се чувствуваме пријатно и убаво.

sekojdnevni-parchinja-obleka-koi-vlijaat-shtetno-na-zdravjeto-01.jpg

Но, понекогаш не забележуваме дека со тоа му наштетуваме на здравјето, бидејќи никогаш не ни текнува некој проблем да го поврземе со долната облека или со другите парчиња.

Па, ако постојано се носат овие работи, последиците со тек на време може да бидат поголеми.

Проверете кои се тие парчиња облека кои секојдневно ги носите, а треба да ги користите поретко, за да го зачувате здравјето:

Танга гаќички

Жените ги обожаваат бидејќи во нив се чувствуваат секси, а плус, може да останат незабележани под облеката. Но, честото носење го зголемува ризикот за инфекции во пределот на гениталиите.

Тангите најчесто се направени од синтетички материјали што ја задржуваат влажноста и топлината, а со тоа се создава идеална околина за опасните бактерии.

Засекот пак на гаќичките, може да предизвика иритација на кожата на интимните делови.

sekojdnevni-parchinja-obleka-koi-vlijaat-shtetno-na-zdravjeto-02.jpg

„Push-up“ градник

Поткревањето на градите е штетно бидејќи ги стиска и со тоа циркулацијата во крвта е побавна, што во иднина може да предизвика многу поголем проблем.

Нема потреба да носите секојдневно вакви градници, заменете ги со попријатни и меки, а нив користете ги само за посебни пригоди.

Долна облека за затегнување на телото

Исто така уште едно парче во женскиот гардеробер што е штетно доколку често се користи. Жените кои го носат редовно, постојано се жалат на отекување и болки во желудникот заради силниот притисок на мидерот и сличните парчиња.

Ова исто така на долгорочен план може да доведе до тромбоза, проблеми со грбот и проширени вени.

sekojdnevni-parchinja-obleka-koi-vlijaat-shtetno-na-zdravjeto-03.jpg

Тесни фармерки

Тесните фармерки или панталони може да предизвикаат многу непријатни последици–отекување, нарушувања во циркулацијата на крвта, проширени вени, дигестивни проблеми заради притисокот во стомакот, како и вкочанетост.

Високи штикли и целосно рамни чевли

Кога одиме на чевли со висока штикла, тежината на телото е нерамномерно распоредена врз стапалото. Најмногу товар паѓа на прстите, заради што тој дел е често деформиран. Заради тоа, немаме добра рамнотежа, а тоа предизвикува проблеми со ’рбетот.

Артритис, деформација на зглобови, проширени вени, искривување на телото и други повреди – вреди ли за секојдневното носење високи штикли?

Но, истото важи и за чевлите кои се целосно рамни и со кои се чувствуваме како боси да стапнуваме на земја.

Бирајте чевли во кои стапалото удобно и природно ќе пропаѓа и нема да се деформира ниту пак да биде целосно рамно.

sekojdnevni-parchinja-obleka-koi-vlijaat-shtetno-na-zdravjeto-04.jpg

Тешки чанти

Кога големите чанти станаа модерни, жените беа просветлени бидејќи тоа беше нешто што им е најпотребно. Па така, колку поголема чанта, толку повеќе работи кои ги собира, а носењето на една не е воопшто лесно.

По кратко носење, се појавува болка во главата, непријатно чувство во вратот, телото се искривува на онаа страна на која ја носите чантата и уште многу други работи кои му штетат на телото.

Затоа, или одберете ранче кое ќе го носите на двете рамена, или пак мала чантичка каде ќе ставате многу малку работи кои воопшто нема да тежат.

sekojdnevni-parchinja-obleka-koi-vlijaat-shtetno-na-zdravjeto-05.jpg

Евтин накит

Евтиниот накит кој го купувате за вас и вашите деца во многу истражувања се покажа како штетен, бидејќи содржи отровни и опасни хемикалии и метали.

Долгото носење на накитот може да доведе до здравствени проблеми, па затоа не давајте пари за секој накит што ќе ви се види евтин.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики за кои лажно сме верувале дека се корисни и правилни Со текот на годините постојано слушаме некои совети и полека стекнуваме навика д...
6 најчести грешки кои жените ги прават со долната облека Поминувате покрај продавница за долна облека и погледот инстантно ви се лепи на ...
10 факти кои треба да ги знаете за вашата долна облека Постојат многу работи кои најверојатно не ги знаете за вашата долна облека. И ко...

Спонзорирани линкови: