Колку време по породувањето ќе можете (и ќе сакате) да имате секс?

Неодамна се породивте, а сексот ви е последното нешто што ви паѓа на ум? Или пак имате нескротливо либидо?

kolku-vreme-po-poroduvanjeto-kje-mozete-i-kje-sakate-da-imate-seks-01.jpg

Дури и да имате нормално породување со минимална или без интервенција, шансите дека сексот ќе ви биде последното нешто на ум во деновите по породувањето се огромни.

Вие ќе се запрашувате колку време треба да мине за да почнете долу да чувствувате нешто додека уринирате.

kolku-vreme-po-poroduvanjeto-kje-mozete-i-kje-sakate-da-imate-seks-02.jpg

Ако мислите дека никогаш повеќе нема да дозволите некому да ве допре таму долу, изјавите на некои жени кои веќе го имале тоа искуство можеби ќе ви помогнат:

„Кога го родив моето прво дете ме советуваа да чекаме шест седмици додека да имаме секс, но две седмици по породувањето јас имав секс со сопругот. Не можев да издржам затоа што уште на четвртиот ден по породувањето имав либидо високо до плафонот.“

„Бременоста и хормоните ме претворија во вистински ѕвер, па секс имав дури два месеци потоа.“

„Имав царски рез со компликации и сексот не ми паѓаше на ум долго, долго време.“

„Имав лесно породување и работите брзо се вратија во нормала. Акцијата беше како порано.“

Доктор Клер Морисон вели дека нема конкретни правила кога смеете да имате секс по породувањето бидејќи тоа е многу индивидуално.

„Во првите 10 до 14 дена ретко кој од паровите помислува на секс. Кај родилките има вагинална болка и исцедоци од крв, а да не ја споменуваме постојаната нега што ја бара новороденчето од вас. 

Многу жени чекаат барем месец и половина по породувањето за работите да се вратат во нормала, но ако породувањето не било тешко некои се одлучуваат на секс и порано, додека пак други чекаат и со месеци.

Кога се грижите за мало бебе потребно е многу време и енергија, па многу мајки страдаат од ниско либидо и сувост на вагината. Самото породување е траума за психата и телото, па сите реагираат различно. 

Потребно е само трпение. Најважно е да комуницирате со партнерот и да ја задржите интимност на начини кои не вклучуваат пенетрација.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg