Женски совети: Како да пресметате и препознаете кога овулирате?

За сите среќни жени чиј менструален циклус трае 28 дена, овулацијата (денот кога зрелата јајце клетка се ослободува од јајникот и е подготвена за оплодување) се случува на 14-тиот ден од циклусот, односно шансите за успешно оплодување се најголеми од 10-тиот од 15-тиот ден.

zenski-soveti-kako-da-presmetate-i-prepoznaete-koga-ovulirate-01.jpg

Но, ако вашиот циклус не трае 28 дена, може да имате потешкотии со пресметувањето.

Некои истражувања покажуваат дека иако 69% од жените имаат просечен циклус од 28 дена, само 7% од нив всушност овулираат на 14-тиот ден.

Тогаш, како да „предвидите“ кога шансите за оплодување ви се најголеми?

Должината на циклусот е клучна.

zenski-soveti-kako-da-presmetate-i-prepoznaete-koga-ovulirate-02.jpg

Доколку имате циклус кој трае помалку од 28 дена – деновите од 7-от до 14-от ви се плодни.

Доколку имате просечен циклус од 28 дена – деновите од 8-от до 16-от ви се плодни.

Доколку имате просечен циклус од 29 дена – деновите од 10-от до 18-от ви се плодни.

Доколку имате циклус подолг од 30 дена – деновите од 13-от до 19-от ви се плодни.

Oсновни знаци дека овулирате:

1. Еден од првите знаци дека овулацијата наскоро ќе започне е интимниот исцедок кој наликува на белка од јајце.

zenski-soveti-kako-da-presmetate-i-prepoznaete-koga-ovulirate-03.jpg

2. Доколку забележите мало покачување и варирање на температурата на телото, без никакви симптоми за настинка или вирус, тогаш значи дека овулирате.

3. За време на овулација градите може да станат потешки и пополни.

4. Кога жените овулираат, имаат зголемена желба и иницијатива за секс.

5. Подуеноста на стомакот (без прејадување или промени во исхраната) исто така е уште еден знак дека сте навлегле во плодниот период.

6. Засилениот природен мирис на телото исто така може да укажува дека сте во овулација.

Доколку сакате детално да проверите во која фаза сте моментално, искористете го женскиот калкулатор.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Пет симптоми кои можат да бидат знак за проблеми со плодноста (и кога да одите на лекар) Нередовните менструации обично значат и нередовна овулација, а ова може значител...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg