Зошто луѓето се здебелуваат откако ќе ги откажат цигарите?

Главниот алкалоид на тутунот e никотинот, безбојна мрсна течност, и воедно еден од најсилните билни отрови. Никотинот делува на периферниот и централниот нервен систем, а смртоносната доза изнесува 50 милиграми.

Zosto-lugjeto-se-zdebeluvaat-otkako-ke-gi-otkazat-cigarite-01.jpg

Во тутунот, никотинот обично е застапен со 3% и е главната состојка што ја зафаќа тежината.

За да се ослободите од оваа лоша навики што е можно поскоро, важно е да имате мотивација која ќе ви помогне во најтешките моменти.

Пред да започнете со откажувањето од цигарите, треба да ги направите следните чекори:

Поставете си датум – одберете важен датум кога ќе решите конечно да престанете со пушењето цигари и започнете полека да се оддалечувате од најголемиот извор на стрес поради кој или што секогаш доаѓате во искушение да запалите цигара.

Размислете за причините зошто треба да престанете  - секое утро откако ќе се разбудите или навечер пред спиење размислете за причините. Би било најдобро кога овие причини не би биле првенствено поттикнати од здравствена природа, но размислете, на пример, колку пари ќе заштедите доколку им откажете љубов на цигарите.

Одржете ја позитивната енергија - секогаш треба да мислите на успешен краен резултат, на сè она што е убаво околу вас и кои предизвици ве очекуваат откако ќе успеете конечно да се одвикнете од цигарите.

Зошто луѓето кои се откажале од цигарите се здебелуваат непосредно по прекинувањето на оваа навика?

Пушењето генерално ја влошува физичката активност и го намалува внесот на храна, а откажувањето дава сосема спротивен ефект. Пушачите во просек имаат помалку килограми од непушачите, бидејќи ефектот на никотинот врз метаболизмот е прилично комплексен.

Претпоставката е дека никотинот го подобрува влијанието на лептин (вид полипептид) што резултира со намален апетит. Пушењето го супресира апетитот и воедно малку го забрзува метаболизмот.

Откако ќе се откажете од цигарите вашиот апетит и метаболизам се враќаат во нормалата, што значи дека сосема нормално е да јадете малку повеќе храна, а да согорувате помалку калории.

Откажувањето од пушењето го зголемува апетитот и ги обновува рецепторите за вкус на јазикот, предизвикувајќи го лицето кое престанало да пуши подобро да го чувствува вкусот на храната.

Најчесто kaj пушачите кои се откажуваат се јавува огромна потреба да ги заменат цигарите со одредени грицки, без разлика дали се слатки или солени, а калорискиот внес се зголемува.

Токму затоа овие хемиски и психолошки реакции предизвикуваат накачување на неколку килограми во првите месеци веднаш по откажувањето на цигарите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава