И најмалата светлина додека спиете води кон депресија: Досега непознати, а важни факти за здравјето

Научниците дошле до заклучок дека причината за 70% од смртните случаи е неправилен животен стил.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-01.jpg

За да не се случува тоа, треба сите да бидеме свесни за работите кои му штетат на нашето здравје и повеќе да се грижиме за истото секојдневно.

Па така, некогаш треба да престанеме да веруваме во некои митови, или пак да почнеме да дознаваме некои работи за кои не сме ни биле свесни.

Во продолжение погледнете неколку научни откритија кои вреди да ги знаете:

Повремено постење е корисно за имунитетот

Истражување спроведено од научници од Јужна Калифорнија покажало дека откажувањето од храна на 2-4 дена помага да се обнови имунолошкиот систем.

За време на експериментот, волонтерите гладувале неколку дена по ред, секои 6 месеци.

Во деновите без храна, телото почнало да користи од своите резерви на глукоза, масти и кетони, а процесот кој се случува истовремено со леукоцитите помага за обновување на клетките на имунолошкиот систем.

Долготрајното постење го намалило и нивото на хормоните кои се поврзани со стареење, како и ризикот од рак.

Сепак, тоа не значи дека секој може да го издржи ова, и треба да се консултирате со стручно лице пред да се одлучите на таков чекор.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

И најмал извор на светлина за време на спиење може да води до депресија

Јапонски научници 2 години набљудувале преку 860 стари луѓе кои немале симптоми на депресија на почетокот на истражувањето.

Потоа, оние кои не спиеле во целосен мрак, почнале да покажуваат такви знаци.

Тие заклучиле дека дури и најслабата светлина за време на спиење може негативно да влијае на биолошкиот часовник, како и на излачувањето на одредени хормони, што може да влијае и на психата.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-03.jpg

Електронските цигари ги зголемуваат шансите за развивање пневмонија

Научници од Лондон спровеле експеримент и откриле дека љубителите на електронски цигари имаат поголем ризик од пневмонија.

Тоа се случува на начин што тие им помагаат на бактериите кои предизвикуваат пневмонија да се залепат за клетките на дишните патишта.

Тие може да постојат во дишните патишта и без да предизвикаат заболување, но со помош на електронските цигари, тоа полесно се случува.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-04.jpg

Оптимистите се помалку склони кон срцеви заболувања

Американски научници анализирање прашалник кој бил пополнет од речиси 2.400 пациенти со срцево заболување и донеле интересен заклучок.

Оние пациенти кои имале позитивен став кон животот, за 40% помалку имале потреба од 24-часовна нега, за разлика од оние кои имале помалку оптимистичен пристап.

Ова се должи на поврзаноста помеѓу расположението и хормоните за стрес кои влијаат на крвниот притисок и развојот на кардиоваскуларни заболувања.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-05.jpg

Осаменоста влијае корисно на фигурата

Научници од Австралија набљудувале над 15.000 луѓе 9 години и забележале дека луѓето во врска се за 20% со поголема прекумерна тежина за разлика од слободните, вклучувајќи ги и разведените и вдовците.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-06.jpg

Тајната за среќен живот е во дневното користење на интернет

Норвешки научници интервјуирале повеќе од 100.000 Европејци и дошле до заклучок дека за да бидете среќни, треба да бидете на интернет секој ден.

Тие велат дека не се работи за тоа колку време ќе поминете на интернет, туку што правите.

Тоа има најголемо влијае врз чувството на среќа во денешно време.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-07.jpg

Спиењето голи е многу покорисно отколку во пижами

Специјалисти од САД откриле дека е многу покорисно кога луѓето спијат голи отколку во пижами.

Докторите навеле неколку причини за бенефитот од спиењето голи:

  • Прво, телото само си ја поставува оптималната температура за сон, а облеката го спречува ова, бидејќи може да го презагреете телото. Тоа може да доведе до инсомнија.
  • На поладна температура телото почнува да лачи хормони кои ја зголемуваат регенерацијата на клетките, а со тоа кожата и косата имаат поздрав изглед.
  • Спиењето без облека го минимизира ризикот од габични инфекции на интимните делови кај мажите и жените.
  • Тоа што немате облека која ве стега позитивно влијае на циркулацијата.
  • Кога спиете голи, интимните односи се подобруваат.

vazhni-fakti-za-zdravjeto-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg