Начини за брзо справување со емоциите и смирување на нервите кога ќе се соочите со анксиозност

Анксиозноста можеби не се поврзува со вистинска опасност, но факт е дека може да го уништи секојдневието и жвиотот.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-01.jpg

Тресење на рацете, лошење, неспособност за концентрација и уште многу симптоми кои укажуваат на овој проблем.

Психотерапевтот Лекси Шмит советува во таков случај да ја користите техниката на „приземјување“, која ќе ви овозможи да се справите со емоциите и да се вратите во реалноста.

Најважно е да најдете сила да се справите со емоциите и да го префокусирате вниманието, концентрирајќи се на нешто друго.

Анксиозноста ги води луѓето во тажен свет полн со несреќни фантазии, па затоа мора да направите што можете за да застанете на земја и да се вратите во реалноста.

Неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Само вие самите може да си помогнете да се смирите

- Ако сте дома, истуширајте се или направете си топла купка. Посветете внимание на работите кои ги гледате и на вашите чувства – како и што ви помага да се смирите. Најдете ја идеалната температура на водата и концентрирајте се на чувствата.

- Носете нешто со вас што ќе ви помогне да се приземјите. Дали тоа ќе биде нешто што ве потсетува на убави работи од животот, или само предмет кој сакате да го допирате и ве смирува. Кога имате потреба да се смирите, земете го и чувајте го во раце – фокусирајте се на сетилата или опишете го предметот во себе до детаљ.

- Концентрирањето на едноставни работи може исто така да ве врати во реалност. Направете си шолја чај и забележете ги сите детали за време на процесот – подот и осветлувањето во кујна, звуците кои чајникот ги испушта, пареата и уште други работи.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-02.jpg

Сконцентрирајте се на чувствата и сетилата

- Присетете се на мирисот што го сакате и вдишете го длабоко во текот на денот. Можете да носите со себе парфем или тегла со омилениот состав.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-04.jpg

Користете го телото

- Седнете исправено и почувствувајте како стапалата се одмараат на подот (соблечете ги чевлите кои ве мачат, чувството е уште подобро). Замислете дека стапалата се силна основа, а подот е сигурна потпора.

- Легнете на подот, затворете ги очите и фокусирајте се на сетилата – кои делови од телото го допираат подот и како се чувствувате.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-03.jpg

Забележувајте и опишувајте ги деталите

- Одберете било каков предмет и ментално обележете на него повеќе детали.

- Најдете околу вас објект со шара која се повторува и обидете се да го нацртате истото на хартија.

- Опишете го до детаљ просторот околу вас како во школските есеи.

- Во себе, опишете си ја личноста која седи до вас, до детали – од изглед до облека.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-05.jpg

Грижете се за мозокот

- Ментално решавајте едноставни математички проблеми или правете логични тестови и квизови.

- Играјте игра. Одберете категорија, на пример животни, а потоа и една буква од азбуката. Именувајте ги сите зборови со таа буква кои се поврзуваат со одбраната категорија.

- Играјте си детектив – гледајте ги луѓето и погодувајте ја нивната професија, објаснувајќи си во себе зошто така сте одлучиле за секоја од нив.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-004.jpg

Дишете правилно

- Ставете ги рацете на стомакот и градите и дишете длабоко од стомакот. Забележете како рацете ќе ви се движи раката на стомакот, а онаа на градите ќе остане непомрдната.

- Запомнете го правилото 4-7-9. Полека вдишувајте 4 секунди. Задржете 7 секунди без да испуштите воздух, а потоа издишувајте полека 8 секунди.

nachini-za-brzo-spravuvanje-so-emociite-i-smiruvanje-na-nervite-koga-kje-se-soochite-so-anksioznost-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...

Најчитани неделава