6 причини зошто изложувањето на сонце сепак е здраво

На сите им е веќе добро познато дека ултравиолетовите зраци од сонцето се многу штетни за здравјето и за предвременото стареење.

pozitivni-efekti-na-sonceto-vrz-nasheto-telo-koi-treba-da-gi-znaete-01.jpg

Кремата за заштита од сонце е задолжителна, но секако и помало изложување на сонце во опасните периоди.

Сепак, покрај овие својства, сонцето има и многу позитивни ефекти врз телото и здравјето на човекот, па добро е да ги знаете и тие страни.

Нормално, треба да избегнувате изложување кога сонцето е најјако и зраците се најштетни, но тоа не значи дека не треба целосно да ги избегнувате сончевите зраци.

Сонцето го подобрува сонот

Влијанието на сончевата светлина во текот на денот и темницата во текот на ноќта, ни помага да одржуваме здрав биолошки ритам, благодарение на кој се будиме секојдневно се будиме со зраците од сонцето и си легнуваме изморени на крајот од денот.

Затоа веднаш по будењето, отворете ги завесите и дозволете да влезе природна наместо вештачка светлина.

Луѓето со нерегуларен распоред на работа и работат во смени, може да го пропуштат денот со светлина, а тоа потоа предизвикува проблеми со сонот.

pozitivni-efekti-na-sonceto-vrz-nasheto-telo-koi-treba-da-gi-znaete-02.jpg

Недостатокот на сон е причина за алергии

Според истражувања, децата кои живеат во предели со недостаток на сончева светлина се посклони кон алергии на јајца и кикирики, од оние кои се изложени повеќе на природна светлина.

Други истражувања откриле дека има поврзаност помеѓу ниското ниво на витамин Д и различните типови на енергии, како и астмата.

Сонцето влијае на здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека недостатокот на витамин Д е поврзан со кардиоваскуларни болести.

Исто така, сончевата светлина има силен ефект врз артериите и го намалува крвниот притисок.

Сепак, времето кое се поминува на сонце треба да е строго ограничено, а за луѓето со светол тен, сосема е доволно да ги изложат рацете и нозете на сонце 5-10 минути во денот за потребната доза на витамин Д.

pozitivni-efekti-na-sonceto-vrz-nasheto-telo-koi-treba-da-gi-znaete-03.jpg

Здравје на очите

Очилата за сонце ги штитат вашите очи од штетните ултравиолетови зраци, а директната изложеност на сонце може да ја уништи ретината.  Затоа носете очила со заштита дури и кога надвор е облачно.

Но, исто така е докажано дека децата кои поминуваат повеќе време на отворено, имаат помала шанса за проблеми со кратковидност, па ако примаат доволно витамин Д од природната сончева светлина, нема ни да имаат потреба да носат очила за гледање.

pozitivni-efekti-na-sonceto-vrz-nasheto-telo-koi-treba-da-gi-znaete-04.jpg

Витаминот Д го намалува ризикот од мултиплекс склероза

Примањето на задоволителна доза витамин Д, без разлика дали е од изложеност на сонце или преку витамини, може да го намали ризикот од развивање на мултиплекс склероза.

Сонцето има позитивен ефект врз коските и мускулите

Витаминот Д му помага на телото да апсорбира калциум што е многу важно за здрави коски, како и за здравјето на мускулите.

pozitivni-efekti-na-sonceto-vrz-nasheto-telo-koi-treba-da-gi-znaete05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...

Најчитани неделава