5 чести навики за спиење кои се штетни по вашето здравје

Сите си имаме одредени навики и ритуали кога станува збор за спиењето. Без разлика дали си легнувате многу рано или многу доцна, дали заспивате со помош на музика или со телевизор, сигурно има нешто што правите погрешно.

5_cesti_naviki_na_spienje_koi_spored_ekspertite_se_stetni_po_vaseto_zdravje_01.jpg

Иако можеби мислите дека вашите навики не се штетни, сепак има некои од нив, поврзани со сонот, кои лошо влијаат на вашето здравје. 

Погледнете дали правите некои од следниве и променете ги наврeме:

Спиење кога не сте уморни

Во теорија, легнувањето секој ден во кревет во 9 часот делува како добра идеја. Но, доколку легнете без да бидете уморни тоа значи дека може да поминете повеќе од половина час превртувајќи се во кревет.

Па доколку не се чувствувате уморно пред да си легнете, направете некоја корисна акција како медитација или јога што ќе ви помогне да заспиете побрзо и подобро.

5_cesti_naviki_na_spienje_koi_spored_ekspertite_se_stetni_po_vaseto_zdravje_02.jpg

Заспивање со вклучен телевизор

Експертите велат дека заспивањето со вклучен телевизор може значително да влијае врз квалитетот на сонот. И покрај тоа што сте заспани, вашиот мозок сè уште прима сигнали од телевизорот што може да спречи да навлезете во REM циклусот и да добиете квалитетен сон.

5_cesti_naviki_na_spienje_koi_spored_ekspertite_se_stetni_po_vaseto_zdravje_03.jpg

Притискање SNOOZE

Од време навреме сите сме виновни за оваа лоша навика. Наместо да станеме по ѕвонењето на алармот си дозволуваме уште неколку минути „сон“. Според експертите ова не е корисен сон туку само благо заспивање кое може значително да влијае врз вашата продуктивност во текот на денот.

5_cesti_naviki_na_spienje_koi_spored_ekspertite_se_stetni_po_vaseto_zdravje_04.jpg

Спиење со многу перници

Користењето на многу перници или премногу висока перница при спиењето може да предизвика болки во вратот и 'рчење во текот на ноќта. Затоа пронајдете некоја перница која ќе ви помогне да го одржувате телото, односно 'рбетот во правилна форма.

5_cesti_naviki_na_spienje_koi_spored_ekspertite_se_stetni_po_vaseto_zdravje_05.jpg

Спиењето со вашите миленици

Спиењето со милениците е особено слатка навика која многу од нас тешко можат да ја искоренат, но експертите предупредуваат дека спиењето со нашите миленичиња може да предизвика незгодна положба и често будење во текот на ноќта што на крај резултира со неквалитетен сон и болки во вратот и грбот.

5_cesti_naviki_na_spienje_koi_spored_ekspertite_se_stetni_po_vaseto_zdravje_06.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg