Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ослободува од лоши навики и намалува болка: 6 причини зошто да почнете да медитирате уште денес

Иако многумина не ја сфаќаат така, сепак медитацијата е сериозна техника која помага во подобрување на здравјето и внатрешната состојба на телото.

osloboduva-od-loshi-naviki-i-namaluva-bolka-6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-meditirate-ushte-denes-01.jpg

Со медитација може да се ослободите од стресот, да заспивате полесно, да го подобрите расположението и да го смените начинот на кој ги гледате работите околу вас.

Научниците ги откриле повеќето позитивни придобивки од оваа техника, кои можеби досега не сте ги знаеле.

Во продолжение, погледнете го ефектот од медитацијата и зошто треба да почнете уште веднаш:

Ја зачувува младоста на мозокот

По 20 години, мозокот почнува да старее, а научниците дошле до заклучок дека медитацијата е многу корисна за да го забави овој процес.

osloboduva-od-loshi-naviki-i-namaluva-bolka-6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-meditirate-ushte-denes-02.jpg

Го подобрува напредокот на учениците

Во едно истражување, на учениците им биле додадени две паузи од по 15 минути за медитација, а резултатот од нивниот напредок многу се зголемил.

По неколку недели медитација, учениците почнале да се однесуваат подобро и да имаат подобри оцени на тестовите.

Помага да се ослободите од лоши навики

Научници од Тексас спровеле експеримент помеѓу луѓе кои сакаат да се откажат од пушење цигари.

Учесниците биле поделени во две групи – една за релаксација и друга за медитација. Учесниците во првата група пушеле исто како и претходно, а оние кои медитирале, почнале да пушат 60% помалку уште од вториот час.

osloboduva-od-loshi-naviki-i-namaluva-bolka-6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-meditirate-ushte-denes04.jpg

Ослободува од болка

Американските научниците докажале дека за време на медитацијата се активираат некои делови од мозокот кои се одговорни за регулирање на болка и дека оваа техника е ефективна за намалување на болката.

osloboduva-od-loshi-naviki-i-namaluva-bolka-6-prichini-zoshto-da-pochnete-da-meditirate-ushte-denes-04.jpg

Намалува ризик од срцеви заболувања и удар

Група научници ги набљудувале промените во здравјето на луѓето со зголемен ризик за срцево заболување.

Учесниците биле поделени во две групи – на едните им било кажано како да се грижат за балансот во исхраната и физичка активност, а другите практикувале медитации, покрај медицинската терапија.

Експериментот траел 5 години, а научниците откриле дека членовите на втората група имаат 50% помал ризик за срцеви заболувања и удар од првата група.

Ја подобрува меморијата

Научници од Харвард собрале луѓе кои никогаш не медитирале и им направиле магнетна резонанција па ги поделиле во две групи, од кои едната ја пратиле на медитација.

По 8 недели часови, научниците нашле разлики во волуменот на мозокот помеѓу двете групи, во 5 различни делови на мозокот.

Кај оние кои медитирале биле забележани промени во делот кој е одговорен за учење, меморија и емоционална регулација.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg