Која храна предизвикува чувство на апсолутна среќа?

Мајчина душичка

Мајчината душичка не само што го подобрува вкусот на јадењето, туку и ги смирува нервите.

Ова својство на мајчината душичка е поради содржината на цимен и царавакрол во својот состав, коишто се супстанци коишто природно делуваат смирувачки. Пред легнување сварете си чај од мајчина душичка со мед и вашите нерви ќе ви бидат благодарни.

За разлика од ова, со каранфилчето треба да бидете внимателни. Доколку мајчината душичка смирува, каранфилчето предизвикува поспаност, летаргија и инхибиција, па затоа е важно да не се претера со дозирањето.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (6).jpg

Цвекло

Цвеклото е одличен извор на микроелементи (борон, јод, железо, цинк, бакар) и макроелементи (калциум, калиум, натриум, сулфур, хлор, магнезиум, фосфор). Сепакм главната работа е тоа што содржи многу фолна киселина (витамин Б9), којашто го разложува хомоцистеинот, којшто предизвикува депресија.

За да се задоволи дневната потреба за Б9, доволно е да се изеде само еден мал корен цвекло.

Многумина од нас ги занемаруваат листовите од цвеклото, а тие не само што се хранливи, туку и многу корисни. Како и коренот, така и лисјата можат да го подобрат расположението, а можете да ги додадете во салата или смути.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (5).jpg

Чоколадо

Зрната какао се богати со триптофан, којшто предизвикува создавање на серотонин. Сепак за да се случи ова потребна е и сончева светлина, па затоа комбинирајте го чоколадото со прошетка во природа доколку сакате да го почувствувате неговиот анти стрес ефект.

Какаото, исто така, помага да се надополнат резервите на магнезиум, особено за време на ПМС. Недостатокот на магнезиум предизвикува емоционална тензија, невроза и депресија. 

Во некоја мера чоколадото може да се смета и за дрога: анандамидот во својот состав е едогенозен церебрален канабиноид што создава чувство на еуфорија а фенилетиламинот е пармаколошки структурно сличен со амфетаминот.

Доколку претпочитате топло чоколадо, производот ги задржува сите својства на зрното, освен доколку не е прашак со згуснувачи, додадени вкусови и адитиви.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (4).jpg

Кашкавал

Кашкавалот содржи многу амино киселини, триптофан, и Л-фенилаланин, коишто помагаат да излезете на крај со депресијата, нарушување на сонот, чувството на страв, ПМС, иритабилност. Неколку резанки кашкавал навечер може да го подобрат сонот, но не заборавајте на калориите.

Концентрацијата на хранливи производи во кашкавалот е 10 пати поголема од онаа во млекото. Само 10 грама кашкавал, може да заменат еден литар млеко.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (3).jpg

Морска храна

Морската риба – лососот, туната, харингата, сардините, ќе го наполнат телото со омега 3 масни киселини, триптофан, витамин Д и Б6. Големата количина на фосфор има добар ефект на работата на нервниот систем, ја подобрува ефикасноста, дава храброст и ја елиминира летаргијата.

Сепак, ова не важи и за сушито. Ова јадење може да предизвика повеќе штета отколку добро. Прво, голем број на паразити може да живеат во суровата риба. Потоа, соја сосот содржи многу сол. Трето, има толку малку риба во сушито, што не можеме да зборуваме за нејзиното влијание за благосостојбата на телото.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (1).jpg

Не морате да пиете разни апчиња за да ја совладате депресијата. Доволно е да ја изберете вистинската исхрана и ќе почувствувате како ви се подобрува расположението.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...

Најчитани неделава