Која храна предизвикува чувство на апсолутна среќа?

Јадете за да се чувствувате среќно. Можеби ова е нестандардна метода, но сепак е ефективна.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni-01.jpg

Коригирањето на исхраната понекогаш може да се покаже поефективно во третманот на депресивните состојби отколку терапијата со лекови, вели Д-р Моник Тејо.

Не се работи за слатко, туку за неколку производи коишто предизвикуваат комплексни процеси во телото, а како резултат на тоа се чувствуваме посмирени и повесели.

Јагоди

Јагодите се најдобар доказ дека здравата храна може да биде вкусна. Тие содржат магнезиум, железо, калциум, калиум, фосфор, натриум, цинк, силикон, бакар, селен, витамини А, Б и Ц, салицилна и фолна киселина.

Овие состојки влијаат на мозокот и нервниот систем и благодарение на нив се ослободува серотонин, којшто го подобрува расположението. 

Редовното консумирање на јагоди, дури и во мали количини, во тек на 8 недели помага во стимулирање на нервните импулси, коишто пак помагаат да се справите со заморот и стресот.

Кога се во вид на мармалад или слатко, јагодите задржуваат дел од витамините, но во толку мали количини што не ни вреди да се спомене нивното влијание врз стресот. Затоа, се препорачува јагодите да се консумираат свежи или замрзнати. Дополнително, 100 грама јагоди, содржат 280-300 калории, па затоа е малку тешко да ги прифатиме како здрав производ.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (2).jpg

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови прават мозокот да работи поефикасно и истовремено го доведуваат нервниот систем во рамнотежа.

Монозаситените масни киселини во ф’стаците помагаат да се подобри расположението и благодарение на нивното блокирање на производството на адреналин, го намалуваат стресот. 

Високата количина на витамин Е во бадемите го објаснува нивниот смирувачки ефект и способноста да го подобрат сонот. Високата содржина на микроелементи во комбинација со незаситените масни киселини во оревите, обезбедуваат стабилност на централниот нервен систем.

Единствен исклучок овде е морското оревче, коешто може да се консумира само во мали количини како зачин. Доколку се предозирате, морското оревче може да делува како наркотик, предизвикува забрзано срцебиење, халуцинации, лошење па дури и смрт.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (10).jpg

Авокадо

Авокадото заслужено се смета за најдобар борец против стресот. Тоа е одличен извор на фолна киселина, чијшто недостаток предизвикува депресија и психоза.

Манохептулозата во авокадото позитивно влијае на функцијата на нервниот систем. Оваа супстанција помага да се намали иритабилноста и заморот, ја подобрува ефикасноста и концентрацијата.

Овошјето многу брзо ја губи својата свежина и се расипува, па затоа како замена во вашата исхрана можете да додадете масло од авокадо коешто има слични својства, а подолго трае од плодот. Откако ќе го отворите, маслото треба да се чува во фрижидер.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (9).jpg

Банани

Бананите се богати со витамин Б6 и амино киселината триптофан, супстанци кои влијаат на производство на серотонин во мозокот, хормонот на доброто расположение. А благодарение на високото ниво на калиум, го намалуваат и заморот.

Бананите, исто така, содржат и алкалоид харман, којшто може да предизвика чувство на еуфорија.

Сепак не се препорачува бананата да се додава во десерти и јадења со нејзино готвење. Кога се готви најголем дел од нејзините позитивни својства се губат и подобро е да се јаде свежа или да се додаде на крајот на готвењето.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (8).jpg

Чили – лути пиперчиња

Чили пиперките, како и неколку други типови на пиперки, како што се „Кајен“ и „Халапењо“, содржат капсацин. 

Тој е она што ги прави пиперките лути, а истовремено делува и на нервните клетки на мембраните за слуз на носот и устата, делува на производството на ендорфини, го зајакнува нервниот систем, го намалува стресот и го подобрува расположението.

Нашите лути пиперки се чести во нашите кујни. Тие се вкусни и корисни, но не е познато дека имаат толку нагласен анти-стрес ефект.

Koi-proizvodi-ke-ve-napravat-srekni (7).jpg

Уште 5 продукти за среќа на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg