Колку часа треба да спиете според возраста?

Сигурно веќе ви е смачено да читате за квалитетниот сон, но спиењето е многу важно за здравјето иако можеби вам не ви изгледа така.

kolku-vreme-spienje-vi-e-potrebno-zavisno-od-vozrasta-i-kako-da-go-podobrite-sonot-01.fw.jpg

Обично, за доволно се сметаат стандардните 7-8 часа спиење, но сепак тоа не е секогаш случај.

За да имате квалитетен сон, важна е и возраста, која одредува колку часа спиење ви се доволни.

И додека многумина чекаат да дојде викенд за да се наспијат, а во текот на работната недела се измачуваат и остануваат будни до доцна, не се ни свесни колку тоа може да им наштети.

Недостаток на сон

Недоволниот сон го ослабува имунитетот и може да доведе до сериозни последици, како и да го зголеми ризикот на развивање на следниве проблеми и заболувања:

  • Исцрпеност
  • Депресија
  • Промени во работата на хормоните
  • Кардиоваскуларни заболувања
  • Проблеми со видот
  • Дијабетес

Покрај сите овие работи, лошиот сон влијае и на телото и изгледот, може да дојде до накачување тежина, подочници и менување на бојата на кожата.

kolku-vreme-spienje-vi-e-potrebno-zavisno-od-vozrasta-i-kako-da-go-podobrite-sonot03.jpg

Возраст и сон

Научниците откриле поврзаност помеѓу возраста и потребниот број на часови за добар сон:

  • 0-3 месеци: 14-17 часа
  • 4-11 месеци: 12-15 часа
  • 1-2 години: 11-14 часа
  • 3-5 години: 10-13 часа
  • 6-13 години: 9-11 часа
  • 14-17 години: 8-10 часа
  • 18-25 години: 7-9 часа
  • 26-64 години: 7-9 часа
  • 65+ години: 7-8 часа

Колку е повозрасен човекот толку помалку часови за спиење му се потребни, во зависност од децата.

На бебињата им е потребно најмногу сон, на децата до 18 години им се потребни до 10 часа сон, а подоцна периодот за квалитетен сон доаѓа до стандардните и познати 7-9 часа.

kolku-vreme-spienje-vi-e-potrebno-zavisno-od-vozrasta-i-kako-da-go-podobrite-sonot-02.jpg

Подобрување на сонот

Следниве совети ќе ви помогнат подобро да се наспиете и да се чувствувате посвежо секојдневно:

  • Запомнете дека треба да сте будни преку ден, а навечер да спиете – ако ја нарушите оваа шема, ќе настанат проблеми
  • Заспивајте и будете се секој ден во исто време
  • Не пијте алкохолни пијалаци пред спиење
  • Не се прејадувајте навечер
  • Создадете си удобна и пријатна атмосфера во спалната
  • Одберете удобен кревет и душек и квалитетни перници и постелнини
  • Не користете електронски уреди пред спиење
  • Кратка прошетка на свеж воздух ќе ви помогне да заспиете побрзо

kolku-vreme-spienje-vi-e-potrebno-zavisno-od-vozrasta-i-kako-da-go-podobrite-sonot-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg