17 знаци дека вашиот ум и тело „пукаат“ од стрес

Мислите ви лутаат, претерувате со пороците, немирно спиете и уморни сте константно.

19-znaci-deka-vashiot-um-i-telo-pukaat-od-stres-01.jpg

Хроничниот стрес најчесто тивко, но константно влијае врз нашиот организам, а пак организмот сè памети и на крај имаме низа негативни последици.

Симптоми кои покажуваат дека сте под огромен стрес и дека треба да направите промени:

1. Уморни сте без оглед на тоа што спиете доволно и сè што сакате е само да се вратите во креветот.

2. Наутро тешко се будите и сте безенергични.

3. Имате немирен сон и сонувате лоши соништа.

4. Имате огромна желба за солена храна, поради дисбалансот на електролити во телото од стресот.

19-znaci-deka-vashiot-um-i-telo-pukaat-od-stres-03.jpg

5. Ви се свртува во главата кога ќе станете или ќе се префрлите од една позиција во друга.

6. Ако сте жена, може да имате тешки ПМС симптоми и нередовен менструален циклус.

7. Често сте настинати и комплетно ви е паднат имунитетот.

8. Повеќе не знаете како да се справувате со стресни ситуации, како да немате толеранција и отпорност на стрес.

9. Не може да минете ден без кафе и енергетски пијалаци.

19-znaci-deka-vashiot-um-i-telo-pukaat-od-stres-04.jpg

10. Дури и за време на викендот имате главоболки.

11. Се соочувате со воспалена кожа и ненадејна појава на акни.

12. Ви се појавуваат нови алергии.

13. Чувствувате болки во стомакот, како да имате грчеви поттикнати од анксиозност.

14. Значително качувате/симнувате килограми.

19-znaci-deka-vashiot-um-i-telo-pukaat-od-stres-03.jpg

15. Се чувствувате вознемирено и не можете да се фокусирате на обврските.

16. Претерувате со пороците, сфаќате дека сте испушиле кутија цигари додека да трепнете.

17. Постојано заборавате и како да ја губите остроумноста.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава