Подготвени ли сте да пиете вода на јапонски начин и да се ослободите од вишокот килограми?

Јапонскиот ритуал на утринско пиење вода и будење на телото несомнено ќе ви предизвика интерес.

Voda-na-japonski-nacin-01.jpg

Некои од нас пијат минимални количини на вода. На прашањето - зошто го прават тоа, имаат едноставен одговор - Затоа што не сум жедна.

Сепак, изгубената вода во текот на денот мора да се надомести. Преку исфрлањето на урината, потењето и другите процеси кои се случуваат во организмот, дефицитот на вода мора да биде исполнет.

Како да се натерате да пиете вода? Јапонците имаат утрински ритуал кој се покажал и повеќе од корисен.

Веднаш штом ќе се разбудат тие пијат половина литар вода на празен стомак. Поради оваа навика имаат беспрекорна, порцеланска кожа и витка, затегната фигура.

Телото се ослободува од токсините, се подобрува изгледот на тенот, кожата, а метаболизмот се подобрува. Косата станува посјајна и побујна, килограмите се „слизнуваат“, а истовремено се зајакнува и имунитетот.

Што точно се случува со телото откако ќе почнете да пиете по половина литар вода веднаш по будењето на празен желудник?

  • Ќе се чувствувате поенергично, посвежо, поздраво
  • Ќе се ви забрза метаболизмот
  • Кожата ќе стане поубава, и на надворешен изглед и на допир
  • Косата ќе ви се мрси помалку
  • Ќе почнете полека, но сигурно да го губите вишокот килограми
  • Многу поретко ќе се разболувате
  • Минималната количина на вода која телото само ќе ви бара да ја внесете е минимум 2 l дневно.

Како да почнете полесно да ја практикувате оваа навика?

1. Непосредно по будењето, започнете со пиењето половина литар вода на собна температура. Според научните истражувања, млаката вода е покорисна и поздрава, за разлика од преагресивната ладна вода.

2. Задолжително појадувајте, но дури 30-45 минути откако сте ја испиле утринската доза вода.

3. Доколку не сте подготвени за толкава количина на вода наутро, започнете со помала количина и постепено зголемувајте ја.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg