Зошто млеката и лосионите за сончање се подобри отколку спрејот?

Козметичките производи со заштитен фактор спакувани во спреј на прв поглед изгледаат доста попрактични отколку течните, кои треба да ги намачкаме со раце. Но, дали навистина е така?

zoshto-mlekata-i-losionite-za-sonchanje-se-podobri-otkolku-sprejot-01.jpg

Препаратите со заштитен фактор се задолжителни во текот на летото, особено кога сте со часови изложени на сонце. Тие се одлична превенција од изгореници и други оштетувања на кожата, а содржат и многу состојки кои го хранат и длабински хидратираат површинскиот слој.

zoshto-mlekata-i-losionite-za-sonchanje-se-podobri-otkolku-sprejot-02.jpg

Во последниве години сè попопуларни се спрејовите со заштитен фактор, особено поради тоа што ни изгледа дека нанесувањето е многу побрзо, поефикасно, но и дека покриеноста е подобра. Но, ова е далеку од вистината.

Со испрскувањето од спрејот, голем дел честички од козметичкиот производ завршуваат на површините околу нас, наместо на телото. На самите упатства пишува дека треба да се нанесува од поголема оддалеченост, па ваквите губитоци се очекувани. Но, помислете само и на тоа колку честички вдишувате од испрсканата содржина!

Исто така, доколку прочитате повнимателно, на некои производи ќе најдете инструкција да прснете на дланката и да намачкате на телото. Во принцип, доаѓате до истото, но на многу понеекономичен начин.

На пазарот можете да пронајдете многу поквалитетни производи отколку оние кои се продаваат како спреј. Внимателно изберете лосион за сончање кој одговара на типот на вашата кожа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава