Природни лекови и фармацевтски препарати кои не треба да ги користите при сончање

Иако годишниот одмор е период кој многу луѓе едвај го чекаат, постои и онаа помалку среќна група која мора да користи лекови, кои за жал, не реагираат добро со сончевите зраци.

prirodni-lekovi-i-farmacevtski-preparati-koi-ne-treba-da-gi-koristite-pri-sonchanje-01.jpg

Фармацевтски препарати

Во некои хронични терапии постои можност да се направи пауза, но тоа никако не смеете да го правите на своја рака, туку само во консултација со лекарот кој ве води. Одредени групи антибиотици, аналгетици, но и антигабични терапии, како и природни домашни лекови, не смеат да се користат кога одите на сончање, бидејќи ја прават кожата почувствителна, а со тоа и поподложна на изгореници.

Во групата на лекови кои може да имаат негативен ефект присончањето се посилните антибиотици, особено тетрациклините, кортикостероидите, таблетите за орална контрацепција, антиалергените терапии, медицинските креми со бензоил пероксид, некои видови цитостатици, антидепресиви, но и одредени видови на орални антидијабетски лекови.

Пред да отидете на одмор, задолжително посетете го вашиот лекар и консултирајте се, бидејќи последиците од предолгата изложеност на сонце може да бидат доста штетни за вас. Разгледајте ги сите опции, од привремен прекин на терапијата, па сè до ограничено изложување на сонце.

Нестандардни лекови и третмани

Можеби ќе чуете за многу народни препрарати за сончање кои содржат маслиново или кантарионово масло. Кантарионот е билка која може да се користи при многу клинички слики, но никако не кога сте изложени на сонце или пред да излезете на сончање, дури ни во облик на чај. Во никој случај не користете какво и да е масло како средство за сончање, туку држете се до одобрените средства кои ги купувате според вашиот тип на кожа.

Слично е и со лосионите или спрејовите против инсекти, кои се нанесуваат на кожа. Не нанесувајте ги пред сончање, бидејќи се доста концентрирани и во реакција со сончевите зраци може да предизвикаат црвенила и чешање, па дури и осип и плускавци и во краен случај, лупење на кожата. Исто така, го поништуваат дејството на кремите со заштитен фактор.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg