Што сè открива бојата на коса за вашето здравје?

Гените кои се одговорни за бојата на косата можат да влијаат на вашето здравје, но и да ја одредат склоноста кон некои заболувања.

shto-se-bojata-na-kosata-otkriva-za-vasheto-zdravje-1.jpg

Дали сте знаеле дека гените кои влијаат на пигментот на косата истовремено регулираат одредени процеси во човечкиот организам и влијаат на ризик факторите кои поттикнуваат настанување на одредени болести?

Како резултат на тоа, бојата на косата може да укажува на чувствителни точки во телото кои го загрозуваат здравјето, тврдат експертите и според тоа објаснуваат:

Бринетите најлесно ќелават, бидејќи според некои компаративни резултати, имаат најмалку влакна на главата. За да се избегне оваа непријатна појава, треба да консумираат по 18 mg железо или една чаша овес дневно.

Пушачите со кафеава боја на косата треба да заборават на цигарите, бидејќи меланинот кој им ја дава бојата на косата им ја забавува работата на црниот дроб, а со тоа и побавно се разградува никотинот.

Во такви услови, оние со кафеава коса се почувствителни на никотин, а притоа се зголемува ризикот за зависност од цигари. Освен тоа носителите на оваа боја на коса, почесто заболуваат од нехочкиновиот лимфом и од меланом.

Русокосите имаат чувствителни очи и кожа, па поради тоа тие се во поголем ризик да добијат сенилна макуларна дегенерација, која во одредена фаза може да доведе до проблеми со видот и слепило.

Исто така се многу подложни и на појава на рак на кожата. За да можат до некаде да се заштитат од развивање на овие болести, треба секојдневно да консумираат зеленчук богат со лутеин, како што се кељ, грашок, спанаќ и други слични намирници.

Оние кои се црвенокоси најчесто се најзагрижени, бидејќи гените кои се одговорни да ја дадат бојата на нивните влакна влијаат и на тоа како организмот се справува со стресот.

Нивниот генетски фактор кој е најзаслужен за бојата на косата истовремено укажува и на слабост во борбата против стресот.

Црвенокосите исто така имаат зголемен ризик да заболат од Паркинсонова болест. Шансите за заболување од оваа болест можат во голема мера да се намалат доколку земаат по 400 mg фолна киселина на ден.

Доколку нивната коса прерано стане седа, тоа е еден од знаците дека имаат некаков здравствен проблем, а пред сè укажува на недостаток на витаминот Б-12 или нарушување на функцијата на штитната жлезда.


Сепак, тоа не значи дека треба да паничите само заради бојата на косата, туку ова се само некои показатели на кои треба да бидете внимателни, но не и загрижени. 

E. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg