Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Перница против ‘рчење, перница против киселини: Дали навистина функционираат?

На пазарот се нудат перници со најразлични форми и функционалнисти и има толку голем избор, што не знаете каква да купите.

dali-pernicite-so-specijalni-formi-i-nameni-navistina-funkcioniraat-01.jpg

Некогаш се спиеше на најобична перница, со памучно-сунѓересто полнење. Но, потоа излегоа популарните анатомски перници, кои нудеа правилно држење на вратот.

Потоа излегоа и антибактериски перници, па меки, тврди, големи, тенки, а изборот е толку голем, што потрошувачот некогаш се запрашува дали навистина се функционални.

Да разгледаме неколку видови:

Перница против 'рчење

Има таков облик што ги држи главата и рамениците во права линија и не дозволува да се појавува непријатното 'рчење.

Сепак, не зависи сè само од перницата. Врз 'рчењето влијаат и многу други фактори, како што е пиењето алкохол, прекумерната тежина, но и проблеми со респираторниот систем. Коренот на овој проблем е многу подлабок од исправената положба на вратот при спиењето.

dali-pernicite-so-specijalni-formi-i-nameni-navistina-funkcioniraat-02.jpg

Перници полнети со гранули или со лушпи од жита

Теоретски, ваквите перници го заземаат обликот на главата и овозможуваат мирно спиење, без потење.

Без разлика дали се полнети со синтетички гранули или со природни (некаде во светот се произведуваат перници со полнење од хељда), овие перници се прилагодуваат само на главата и вратот, но 'рбетот останува во неприродна положба.

Исто така, може да се случи да создаваат звуци на шушкање или шкрипење во текот на ноќта, кога се мрдате, што не е многу пријатен звук за слушање кога сте сонливи.

dali-pernicite-so-specijalni-formi-i-nameni-navistina-funkcioniraat-03.jpg

Закосени перници

Имаат триаголна форма и се наменети за луѓето кои страдаат од силни киселини во желудник и рефлукс.

Ова се перници со медицинска намена, бидејќи се закосени под агол помеѓу 20 и 30 степени и не дозволуваат враќање на желудочната киселина во хранопроводот. Исто така, се добри за спиење кога носот е затнат и кога личноста многу кашла поради настинка.

Ова е еден од најуспешните дизајни на наменски перници.

dali-pernicite-so-specijalni-formi-i-nameni-navistina-funkcioniraat-04.jpg

Анатомска вдлабната перница

Според рекламите, ваквата перница ги следи природните искривувања на вратот, правејќи го спиењето удобно.

Она што продавачите забораваат да го напоменат е дека е совршена само за оние кои спијат настрана, но не и за оние кои преферираат да спијат на грб. Единствено треба да се внимава на височината на перницата, бидејќи ако е прениска, тогаш наместо да го олесни, може дополнително да го оптовари вратот.

dali-pernicite-so-specijalni-formi-i-nameni-navistina-funkcioniraat-05.jpg

Удобноста во спиењето не зависи само од перницата. Секако, важни се и душеците и материјалот од кои се изработени постелнините и прекривките.

Затоа, пред да купите перница, најдобро е да знаете што точно барате. Но, врз удобноста може да влијае и навиката. Некои луѓе се навикнати да спијат на ниска и тенка перница, а други на повисока и потврда.

Специјалните медицински перници користете ги доколку навистина имате потреба од тоа.

Можеби ќе помине повеќе време додека да го најдете обликот кој ви одговара, но ова дефинитивно е потрага која вреди да ја направите, во име на удобното спиење.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате) „Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здр...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Здрави положби за спиење кои многу луѓе не ги практикуваат (или не ги знаат) По долгиот и напорен ден, здравиот сон од барем 6 часа, без будење и прекинување...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg