Три начини на кои динамичниот градски живот ве прави анксиозни

Животот во големите градови има многу предности, како можностите за градење кариера, запознавање нови луѓе, правење нови и интересни работи и исполнетост на денот со активност.

3-nachini-na-koi-dinamichniot-gradski-zhivot-ve-pravi-anksiozni-01.jpg

Во нашата држава, но и глобално во светот, ако постои како опција, луѓето избираат да живеат во урбана средина. Тие се воодушевени од раздвиженоста, динамиката и светлината на градовите.

Меѓутоа, ваквиот начин на живот носи и стресови и тоа на дневна база, што со тек на време престанувате да го забележувате, иако тоа длабоко во вас постои и ве уништува.

Постојат три основни начини на кои ваквиот живот може да ве направи анксиозни. Еве кои се тие:

Звуците на градот

Населеноста во големите градови е погуста, улиците се „затнати“ од сообраќај и секогаш е бучно. Долготрајната изложеност на звуци од дискотеки, кафулиња, градежни работи, сообраќај и гласни луѓе може да биде причина за анксиозност.

Секако, не можете целиот ден да го поминувате со пригушувачи на звук, кои исто така можат да ве иритираат, па почнувате да се навикнувате, иако длабоко во вас, тоа ви пречи и предизвикува други проблеми.

3-nachini-na-koi-dinamichniot-gradski-zhivot-ve-pravi-anksiozni-002.jpg

Зголемен стрес

Кога сте опкружени со многу луѓе, сосема е очекувано нешто да ве изнервира. Тоа може да бидат бучните деца, соседите кои постојано нешто реновираат, доцнењето на јавниот превоз и многу други фрустрирачки ситуации.

Сето ова ја зголемува веројатноста за појава на анксиозност или други промени во расположението.

3-nachini-na-koi-dinamichniot-gradski-zhivot-ve-pravi-anksiozni-004.jpg

Ментални нарушувања

Според многу истражувања правени во областа на неврологијата, стресниот урбан живот ги зголемува шансите за развој на ментално нарушување.

Луѓето кои живеат во периферија се поштедени од многу фактори кои ги нарушуваат когнитивните функции, почнувајќи од опкружувањето и природата, па сè до начинот на кој живеат.

tri-nachini-na-koi-dinamichniot-gradski-zhivot-ve-pravi-anksiozni-01.jpg

Може ли да си помогнете?

Доколку сте го избрале овој начин на живот и сте се врзале со работа, пријателства или врска, тогаш користете ги викендите и годишните одмори за да минете повеќе време во природата.

Во светот постојат и големи урбани средини кои се среќни градови, затоа што тамошните власти, но и самите луѓе имале план како да останат здрави и среќни и покрај интензивната урбанизација.

Копенхаген е само еден од примерите на „среќни градови“, чии жители секојдневно вежбаат, шетаат во паркови, се социјализираат и се поврзуваат со природата.

3-nachini-na-koi-dinamichniot-gradski-zhivot-ve-pravi-anksiozni-003.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg