Зошто сè уште е табу да се зборува за половото здравје?

Иако сме веќе сериозно навлезени во 21-от век, во многу случаи е „срамота“ отворено да се зборува за половото здравје.

Zoshto-se-ushte-e-tabu-da-se-zboruva-za-polovoto-zdravje-01.jpg

Без разлика што сме сè пообразовани и поеманципирани, никако да се искорени навиката да ве прашуваат „А да не има нешто ново?“ кога ќе кажете дека треба да одите на гинеколошки преглед.

Во другите ситуации, се зборува со потшепнување, со шифри и со осудување, па така многу девојки и момци молчат кога е во прашање нивното сексуално и полово здравје.

Срам

Самото спомнување на преглед кај гинеколог или уролог на некој начин е засенето од текот на самиот преглед, наместо да се прифати дека тоа е сосема нормално и првенствено е грижа за сопственото здравје.

Исто така, овој срам се манифестира и поради прострелните погледи на останатите купувачи кога купувате презервативи или тампони. Зошто во 2018-та би бил проблем отворениот разговор за овие нешта?

Zoshto-se-ushte-e-tabu-da-se-zboruva-za-polovoto-zdravje-03.jpg

Себичност

Себичноста и срамот одат „рака под рака“. Сосема е неодговорно да имате секс без заштита само затоа што така ви е поубаво или пак, доколку дојде до полова инфекција, да го обвинувате партнерот поради тоа и да одбивате да се лечите.

Слично е и кога парот се соочува со неплодност, бидејќи дури и во денешно време постојат луѓе кои веруваат дека проблемот е кај другиот и одбиваат да се прегледаат себе.

Контрацепција

Доколку сакате да се заштитите од полово преносливи зарази и несакана бременост, нема компромиси - мора да користите презерватив. Ако партнерот го одбива тоа, подобро е воопшто да немате односи, отколку да се изложувате себе на ризик.

Вистина е дека не постои 100% заштита, бидејќи некои зарази се пренесуваат и од кожа на кожа, но секогаш е подобро да го користиме она што нуди над 98% заштита, а тоа се кондомите.

Zoshto-se-ushte-e-tabu-da-se-zboruva-za-polovoto-zdravje-02.jpg

Отворени разговори

Секако, никој не бара од вас комплетен елаборат за вашата здравствена состојба. Сепак, доколку дојде до разговор на таа тема, подобро е да разговарате отворено.

Тоа не е знак на непристојност и раскалашеност, туку дека всушност се грижите за своето полово здравје, за разлика од оние кои игнорантски се однесуваат по ова прашање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg