6 начини на кои несвесно секој ден медитирате

Некои ваши секојдневни навики кои ги практикувате за смирување, на некој начин претставуваат медитација.

6-nachini-na-koi-nesvesno-sekoj-den-meditirate-01.jpg

Можеби ви звучи чудно, но вие умеете да медитирате на некој свој начин уште пред да почнете да го правите тоа под инструкцијана професионалци. Дури и вашата прошетка до маркетот може да се брои како медитација, ако тоа ве смирува.

Некои од овие нешта што секојдневно ги правите ќе ве изненадат со своите медитативни својства.

Рачно миење садови

Колку и да ве нервира нередот во кујната, кога нештата ќе ги земете во своите раце и ќе ги наредите чисти на решетката за цедење, во вашата душа се создава чувство на мир и спокој.

Меурчињата сапуница, интензитетот на млазот вода, плакнењето, контролирањето на температурата, иако изгледа како досадна задача, всушност помага да се опуштите и релаксирате.

Пиење кафе

Било да го пиете во кафуле или си го правите дома, пиењето кафе кога немате никаква друга обврска исто така е медитативен процес.

Со тоа што уживате во пријатниот вкус и опкружување, го одмарате вашето тело и го рестартирате мозокот.

6-nachini-na-koi-nesvesno-sekoj-den-meditirate-02.jpg

Прошетка со кучето

Ова го имате направено стотици пати, но можеби никогаш не сте увиделе дека има позитивно влијание врз вас. Самата близина на миленичето и прошетката во природа се одличен начин да ги ослободите мислите и да се одморите од секојдневието.

Туширање

После напорен ден, топлиот и мирислив туш се чини како најдобриот избор за вас. Сигурно сте почувствувале такво релаксирање, што ви се чинело дека водата го мие целиот насобран стрес од тој ден.

6-nachini-na-koi-nesvesno-sekoj-den-meditirate-03.jpg

Готвењето

Медитацијата не значи само да слушате пријатни звуци и умствено да патувате во далечни места. Повторувачките активности како сечкањето на намирниците, нивното мешање и контролирањето на температурата не се медитација како што конвенцијално ја замислувате, но сигурно помагаат да го релаксирате умот.

Слушање на предавања

Можеби поминало многу време откако бевте во училишните или факултетските клупи, а и не ви е останато тоа како релаксирачко искуство.

Размислете повторно. Иако е нефер кон наставниците, на некои здодевни предавања вие едноставно ги пуштавте вашите мисли да скитаат и воопшто не се чувствувавте изморено и потрошено.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg