14 сигурни знаци дека организмот ви бара детоксикација

Сигурно досега сте слушнале за процесот наречен детоксифицирање, односно прочистување на организмот. Постојат многу начини како може да го сторите тоа. Прашањето не е ДАЛИ би требало одвреме-навреме да направите прочистување на организмот, туку КОГА.

14-sigurni-znaci-deka-organizmot-vi-bara-detoksikacija-01.jpg

Најдобро е да го слушате сопственото тело, а доколку забележите еден или неколку од овие симптоми, дефинитивно е време за детоксикација:

Огромна потреба за шеќер

Доколку јадете храна богата со многу шеќери како и многу преработена и конзервирана храна, многу веројатно е дека организмот нагло го качува и спушта шеќерот во крвта, а процесот влијае врз хормонот лептин (одговорен за глад).

Тоа ве тера да јадете уште повеќе шеќер и да внесувате уште толку нездрави намирници. По детоксикацијата на организмот, хормоните ќе се вратат во нормалата и организмот полека ќе почне да заздравува.

Проблеми со варењето на храната

Подуеност, дијареја или запек. Се чувствувате неудобно во сопственото тело и повеќе од очигледно е дека имате проблем со изборот на храна и нејзиното варење. Вашите црева бараат ресетирање.

Постојани сезонски алергии

Доколку цревната микрофлора не е во рамнотежа, тоа значи дека имате слаб имунитет. А бидејќи синусите се на некој начин продолжеток на органите за варење, односно дигестивниот тракт, логично е дека истиот влијае на сезонските алергии.

Јадеш здраво, но не се чувствуваш така

Дури и доколку сметате дека јадете здрава храна, тоа не значи дека не треба повремено да направете детоксикација на организмот. Елиминацијата на одредени типови на храна ќе влијае позитивно врз цревната микрофлора и полесно ќе се исфрлат токсините од телото.

Кожата не ти е чиста

Доколку во телото има премногу токсини, црниот дроб ќе работи послабо и поспоро (тој е главниот орган за прочистување на телото). Кожата е еден од најдобрите показатели што се случува во организмот, бидејќи сите токсини ќе се покажат на неа во облик на акни, осипи, црвенила и други воспалителни процеси.

Постојан замор

Доколку постојано се чувствувате уморни ова може да има врска со работата на надбубрежните жлезди.

Ова нарушување се случува кога мозокот и надбубрежната жлезда немаат добра комуникација поради зголеменото ниво на кортизол, кое се случува поради натрупаните отрови, воспаленија и дисбалансот на микрофлората.

Потребно ти е двојно повеќе време и напор да се сетиш на настани кои се случиле неодамна

Доколку се напрегнувате да се сетите на некои работи кои се случиле во текот на денот, вашиот мозок е „замаглен“. Кога телото не може доволно брзо да ги елиминира токсините, тие се натрупуваат во организмот и предизвикуваат воспалителни процеси.

Премногу воспалителни процеси кои се случуваат наеднаш ја оштетуваат заштитната бариера на крвта во мозокот и предизвикуваат ослабена меморија.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg