Кои несакани ефекти ќе ги почувствувате ако спиете само по неколку часа во текот на ноќта?

Освен што веќе по вториот ден ќе се чувствувате уморно и дезориентирано, малиот број ноќни часови предизвукуваат и други несакани ефекти со вашето тело.

koi-nesakani-efekti-gi-chuvstvuvate-ako-spiete-po-chetiri-chasa-poveke.jpg

Можеби мислите дека тоа ќе го средите со едночасовна дремка, но мозокот ќе почне да реагира по само неколку дена.

Според сите досегашни сознанија, најдобри когнитивни реакции имаат луѓето кои спиеле 7-8 часови во текот од ноќта, додека на другите им бил потребен поголем напор.

Сепак, може да се дојде до заклучокот дека најважно е да ја најдете својата најудобна положба и да отспиете доволно саати, за вашиот мозок да може да функционира со полн капацитет.

koi-nesakani-efekti-gi-chuvstvuvate-ako-spiete-po-chetiri-chasa-03.jpg

Ако спиете помалку од шест часа преку ноќ, вашите когнитивни способности се еквивалентни на деветгодишно дете.

Иако сè уште ќе бидете способни да ги завршувате своите обврски, тоа ќе го правите со намалена ефективност.

Потоа, ако проблемот трае континуирано, може да се случи нарушување на работата на жлездите со внатрешно лачење, па настанува дисбаланс во лачењето на серотонинот, допаминот и кортизолот.

Токму затоа и сте пораздразливи од обично.

koi-nesakani-efekti-gi-chuvstvuvate-ako-spiete-po-chetiri-chasa-02.jpg

Освен на мозокот, краткото спиење влијае и на телото.

Со тоа го зголемувате ризикот за прекумерна тежина, хронични заболувања, па дури и ризик за смртност на помлади години.

Ако ви се случува да имате лош сон понекогаш, тоа не е страшно.

Континуираниот проблем мора медицински да се третира, па затоа внимавајте и обидете се да заклучите што ви го нарушува сонот.

Така полесно и ќе дојдете до решението.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg