Гинеколозите предупредуваат – 5 домашни лекови кои не треба да ги употребувате за вагиналните проблеми

Многу жени ги практикуваат т.н. народни, односно домашни лекови за лекување на вагиналните инфекции, кои не се тестирани со помош на медицината. Гинеколозите предупредуваат дека многу од таквите лекови не се сигурни за користење.

5-domasni-lekovi-koi-ne-treba-da-gi-upotrebuvate-za-vaginalnite-problemi-01.jpg

Кои 5 лекови се најчести на листата кај жените кои сакаат да ги излечат вагиналните инфекции на „природен начин“?

  • Чешне лук вметнато во вагината
  • Тампон натопен со етерично масло или чај
  • Тампон со масло од кантарион
  • Испирање на вагината со раствор од сода бикарбона или мешавина од јаболков оцет и вода.
  • Нанесување јогурт на тампон кој се замрзнува, па замрзнат се вметнува во вагината

Доколку некои од жените се изјаснат дека овие домашни лекови им помогнале, особено на форумите и социјалните мрежи, тогаш поголемиот дел посегнуваат по нив без никакво размислување за нивната штетност.

Овие лекови припаѓаат во групата на алтернативната медицина. Гинеколозите се сепак посклони кон проверени и клинички тестирани лекови кои ги имаат поминато задолжителните законските процедури и испитувања.

Сите наведени „домашни лекови“ може да предизвикаат алергиска реакција, особено доколку се употребуваат во неадекватни дози. Сепак, постои широк дијапазон на проверени и сигурни лекови кои се борат успешно и ефикасно против вагиналните инфекции.

Пред да посегнете по свеж лук, сода бикарбона или јогурт за лекување на ваквиот тип на инфекции, задолжително посоветувајте се со својот гинеколог.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg