Како да останете здрави дури и кога работите од седечка позиција со часови?

Седењето пред бирото по осум или повеќе часови навистина создава сериозни здравствени проблеми. Решението лежи во движењето и во добрата исхрана.

kako-da-ostanete-zdravi-duri-i-koga-rabotite-od-sedechka-pozicija-so-saati-01.jpg

Сепак, постојат и одредени трикови кои можете да ги примените, за да му помогнете на своето тело да остане здраво. Работните средини не се секогаш здрави, но работата е само еден дел од животот кој мора да го поминеме. Затоа е најдобро да се потрудиме да не ни одземе премногу од здравјето, кога веќе ѝ посветуваме и повеќе од доволно време.

Еве како можете да го постигнете тоа:

Движете се

Дури и ако треба да земете нешто од фиоката, станете и направете го тоа, наместо да се „довезете“ со столот со тркалца. Внимавајте доволно да пешачите по работното време, а паузата употребете ја за да излезете за јадење. Јадете над биро само кога немате време.

Купете термоизолациска торба

Исхраната е исто така важна. Ако немате време секој ден да купите нешто здраво и хранливо, најдобро е да имате мини-фрижидер на работа или да носите ручек во термоизолациска торба. На овој начин ќе можете да си подготвувате здрави и избалансирани оброци и нема да се „давите“ во печива и брза храна.

Користете ја секоја прилика за да пешачите

Ако треба да одите до друг оддел или друг кат, избегнувајте користење на лифтовите. Наместо да се јавите по телефон, одете до канцеларијата на колегите кои ви требаат. Прошетајте и за време на паузата, во оние минути што ви преостануваат по ручекот.

business-man-manager-sitting-on-office-desk-vector-17124777.jpg

Престанете да се уверувате дека треба да се запишете во теретана

Вежбањето е возможно и во домашни услови или пак, со посета на теретаните кога ви одговара. За тоа не ви треба членарина, туку можете да плаќате од тренинг. Нека не ви биде тоа извинување за невежбањето.

Не се форсирајте да јадете храна која не ви е вкусна

Здравата храна често не му е баш вкусна на оној кој ја јаде, барем додека да се навикне на таквиот начин на исхрана. Не треба сосила да јадете житарици и зеленчук доколку не ви се допаѓаат. Правете ги комбинациите онака како што вие сакате.

Пијте вода, но не со оброкот

Преку ден треба да пиете доволно вода за да го одржите телото хидрирано. Не пијте вода половина час пред, за време на и половина час по оброкот. Ако треба направете си и потсетници од телефонот, за да не заборавате да пиете вода.

kako-da-ostanete-zdravi-duri-i-koga-rabotite-od-sedechka-pozicija-so-saati-03.jpg

Наместете аларми за движење

На секои 50 минути наместете по еден аларм кој ќе ве потсетува да се придвижите. Одете да си направите кафе или освежете се во тоалетот, но не останувајте на столот пред бирото.

Не пијте енергетски пијалаци

Научете да пиете чај и кафе без шеќер, минерална вода или обична и изладена. Редукцијата на празните калории е клучна за да останете здрави, а енергетските пијалаци имаат само краткотраен ефект.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg