Хероин, тутун, апчиња за смирување - кои се петте супстанци коишто создаваат најголема зависност?

Секој што некогаш се напил шолја кафе, знае дека не сите дроги се еднакво штетни. Кофеинот, на пример, е најчесто консумираната психоактивна дрога во светот, а сепак не претставува опасност по човечкото здравје.

Koi-se-pette-supstanci-koi-predizvikuvaat-najgolema-zavisnost-01.jpg

Со цел да се востанови кои се најопасните дроги, тим од психијатри, хемичари и фармаколози ги оцениле супстанците врз база на три фактори: колку физичка штета предизвикуваат, колку зависност создаваат и колку штета прават на општеството воопшто, според она што се троши за нив од фондот за здравство.

Рангирањето е засновано врз основа на тоа која супстанција создава најмногу зависност, а зависноста е понатаму поделена во три фактори кои го одредуваат степенот на зависност:

  • 1 Задоволството, еуфоријата која ја чувствува корисникот додека ја консумира дрогата; психолошката зависност.
  • 2 Потребата, чувството кое корисникот го има кога се откажува од дрогата.
  • 3 Физичката зависност, главоболките или останатите физички симптоми коишто корисникот ги има кога се откажува од дрогата.

Како изгледа листата на супстанции коишто се рангираа највисоко во однос на зависноста?

1. Хероинот се рангираше највисоко на скалата врз основа на зависноста којашто ја предизвикува

Оваа дрога ги освои сите 3 од 3 можни квалификации во однос на задоволство, потреба и физичка зависност.

2. Кокаинот, исто така, освои 3 од 3 во однос на задоволството

Сепак, се смета дека тој за нијанса создава помалку психолошка зависност во однос на хероинот и создава за приближно половина помалку физичка зависност.

3. Во однос на психолошката зависност, никотинот се смета за скоро исто толку лош како кокаинот

Никотинот доби 2,6 од вкупно 3 можни во однос на 2,8 на кокаинот. Но, тој исто така се смета и за дрога која создава помалку задоволство и создава многу помала физичка зависност.

4. Барбитуратите и седативите кои порано се препишувале за лекување анксиозност

Оваа категорија вклучува лекови коишто се наоѓаат во аптеките. Барбитуратите имаат 2 о можни 3 во однос на зависноста. Тие биле рангирани како дрога којашто создава помалку задоволство и помалку психолошка и физичка зависност од никотинот, хероинот и кокаинот.

5. Алкохолот се смета за дрога којашто создава помала психолошка зависност од цигарите

Алкохолот и тутунот биле рангирани исто во однос на задоволството коешто го пружаат со нивната зависност, но сепак имаат 2,3 од можни 3. Алкохолот и тутунот, исто така, имаат и слична оценка за физичката манифестација на зависноста.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg