Кратка масажа која ќе ве ослободи од болките во стапалата

Ако страдате од хронични болки во сводовите на стапалата, не сте сами - вашето „страдање“ го делат најмалку два милиона луѓе низ светот.

kratka-masazha-koja-kje-ve-oslobodi-od-bolkite-vo-svodot-na-stapaloto-01.jpg

Болката може да биде причинета од многу фактори, вклучувајќи ги неудобните обувки, предолгото стоење, неправилното држење на телото, па дури и трчањето во несоодветни патики. Доколку не се третира навреме, болката може да премине во хронична.

Доколку се препознавте во описот, тогаш задолжително треба да разговарате со вашиот ортопед. Можеби треба да носите специјални обувки или да ставите влошка во чевлите за правилно држење на ногата. Постојат и ноќни преврски, кои ја олеснуваат болката.

Исто така, постои и лесна и кратка, но ефикасна масажа која можете да си ја правите и самите секој ден, за да го релаксирате стапалото по многуте часови поминати во неудобни или тесни обувки.

kratka-masazha-koja-kje-ve-oslobodi-od-bolkite-vo-svodot-na-stapaloto-02.jpg

Tри чекори до ефикасна масажа

Идеално време да примените масажа на вашите уморни стапала е веднаш по капење или туширање или претходно да ги потопите во леѓен со топла вода. Со тоа, веќе вашето стапало е загреано и до некаде релаксирано.

1. Нанесете хидратантно масло за масажа или обична крема за стапала на нозете

2. Масирајте го целото стапало со движења нагоре-надолу по должината, со среден до силен притисок, во траење од 20-30 секунди

3. Потоа масирајте го само сводот, со посилен притисок, со праволиниски движења нагоре-надолу околу две минути

Со оваа масажа ја подобрувате циркулацијата и ја намалувате затегнатоста на сводот. По масирањето, држете ладна облога на сводот околу 15 минути.

kratka-masazha-koja-kje-ve-oslobodi-od-bolkite-vo-svodot-na-stapaloto-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg