Одговори на најпребаруваните прашања за здравјето на Google во 2018-та

„Гуглањето“ на симптомите не е секогаш најдобра идеја, но секој мора да признае дека тоа го има направено најмалку еднаш во животот.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-za-zdravjeto-na-google-vo-2018-ta-01.jpg

Во 2018-та, корисниците на интернетот најмногу се интересирале за кето диетата, здравата исхрана, ендометриозата и уште неколку работи.

Ова се одговорите на неколку од најпребаруваните прашања поврзани со здравјето:

Што е кето диета?

Интересот за режимот на исхрана кој им помогна на многу луѓе да се ослободат од вишокот килограми. Се работи за исклучување на јаглехидратите и внесување повеќе масти, со цел да се предизвика кетоза.

Тоа е процес во кој црниот дроб ги претвора мастите во кетони, кои подоцна телото ги користи за енергија, наместо глукозата. Освен што се топат масти, се исфрлаат и вишокот течности од телото.

Постојат и докази дека ваквата исхрана помогнала за подобар изглед на кожата, а кај девојките и при синдромот на полицистични јајници.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-02.jpg

Што е АЛС?

АЛС е амиотрофична латерална склероза, а од оваа болест боледуваше и сега починатиот Стивен Хокинг. Се работи за состојба во која е нападнат нервниот систем и нервните клетки не можат да се обновуваат и една по една изумираат.

Иако болеста е непријатна, постојат луѓе кои живееле со нејзе со децении, колку што можат најнормално.

Сепак, кај некои болеста има многу брз прогрес и уште од помлади години ги врзува пациентите за инвалидска количка.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-03.jpg

Што е ендометриоза?

Девојките кои страдаат од ендометриоза сè повеќе се решаваат јавно да зборуваат за оваа болест. Се работи за нетипично растење на ендометријалното ткиво, до степен што излегува од матката, ги зафаќа околните органи, а во најтешките случаи може да продолжи да расте и надвор од телото, односно да ги зафати вагината и анусот.

Исто така, влијае и врз плодноста. Постојат повеќе третмани за оваа состојба, а во последните неколку години се тестираат и лекови кои се примаат орално.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-04.jpg

Колку време по пушење марихуана може да има траги од нејзе во урината?

Сè повеќе држави во 2018 ја легализираа марихуаната, а со тоа луѓето имаат сè повеќе прашања во врска со нејзе.

Конкретен одговор на ова нема, бидејќи зависи од многу фактори, меѓу кои и индивидуалната толеранција на состојките, метаболизмот, како и колку често личноста „ужива“ во марихуаната.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-05.jpg

Кога се случува крварењето по зачнувањето?

Многу бремени жени во првите недели забележуваат слабо крварење во траги, но тоа не значи дека се случува кај сите. Сепак, општо земено, имплантационото крварење се појавува меѓу 10-от и 14-от ден по зачнувањето и често е знак дека се работи за бременост.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-06.jpg

Зошто постојано се чувствувам уморно?

Ова е вечно прашање кај возрасната популација. Многу луѓе, дури и кога се регуларно наспани, се чувствуваат уморно и копнеат по малку сон во текот на целиот ден. Исто како и за марихуаната, така и ова прашање нема единствен одговор.

Уморот може да се појави како резултат на лоша исхрана, недостаток на витамини, преголем психофизички напор во текот на денот... Но, ако сте сигурни дека никаде не грешите, време е да се јавите кај својот доктор.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-08.jpg

Како да знам дека имам киселини во дигестивниот систем?

Кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот, чувството е непријатно и личноста може да почувствува печење и болка во делот кај градната коска, вратот и грлото.

За среќа, овој проблем е лесно решлив со антациди, кои може да се купат во аптека без лекарски рецепт.

odgovori-na-najprebaruvanite-prashanja-na-gugl-za-zdravjeto-za-2018-ta-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg