7 начини како будењето среде ноќ влијае врз вашето тело следниот ден

Ако од легнување до будење имате временско растојание од 7-8 часови, тоа не значи дека доволно спиете доколку имате прекини во текот на ноќта.

7-shokirachki-nachini-kako-budenjeto-srede-nokj-vlijae-vrz-vasheto-telo-sledniot-den-01.jpg

Иако одењето до тоалет, станувањето по вода или будење и презаспивање без никаква активност измеѓу според нас е нормална работа, медицината тоа го нарекува фрагментација на сонот.

Ваквото будење може да има послабо или посилно влијание врз вашата физичка состојба следниот ден и тоа на следниве седум начини:

Следниот ден можете да бидете погладни

Внимавајте следниот период и ќе сфатите дека во ноќите кога се будите, следниот ден имате поизразен апетит, особено за мрсна храна. Тоа е природен обид на телото да ја надополни енергијата која не ја добило со спиењето.

7-shokirachki-nachini-kako-budenjeto-srede-nokj-vlijae-vrz-vasheto-telo-sledniot-den-02.jpg

Расположението ви се менува

По ноќ со поделено спиење, може да ви биде потешко да ги контролирате своите емоции, но и да се менувате од добро во лошо расположени во кратки временски интервали.

Заспивате преку ден

Иако вообичаено не сте личност која спие преку ден, кога ви се случува вакво нешто, телото има потреба да ги надомести тие изгубени минути од ноќниот сон.

Можеби повеќе заборавате

Токму поради тоа што ви се поклопиле два циклуса на сонот, мозокот не ги систематизира информациите доволно ефикасно па може да се случи да заборавате лесни нешта.

7-shokirachki-nachini-kako-budenjeto-srede-nokj-vlijae-vrz-vasheto-telo-sledniot-den-03.jpg

Посклони сте кон разболување

По фрагментацијата на сонот, може да настане „пукнатина“ во вашиот имунолошки систем и токму во денот потоа полесно да се заразите од некого кој веќе е болен или настинат.

Се уморувате побрзо кога вежбате

Можеби до минатиот пат не ви беше проблем да го издржите целиот тренинг, но по само една ноќ во која сте се разбудиле, ќе ви биде потешко да го направите тоа и брзо ќе се изморите.

Ви се појавуваат темни кругови околу очите

Подочниците како последица на умор не се мит, а истите може да се појават и кога имате фрагментација на сонот. Иако се привремени, прават цел ден да се чувствувате како да имате нешто тешко закачено за лицето.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg