Четири причини зошто имате иритација на вагината

Постојат стотици причинители на вагинална иритација, но четири од нив се најчести и треба најпрво од нив да се заштитите.

chetiri-prichini-zoshto-imate-iritacija-na-vaginata-01.jpg

Чувството е навистина непријатно и невозможно за игнорирање, особено кога не ви е јасно што точно го предизвикува. Иритацијата често е симптом на посериозен проблем предизвикан од внатрешна инфекција или реакција на надворешен фактор.

Имајте на ум дека доколку сето тоа станува болно и го чувствувате дека ви се случува внатре во телото, морате најитно што можете да посетите гинеколог.

Ова се четирите најчести причини за иритација на вагината:

Габична инфекција

Габичната инфекција се манифестира со зголемено присуство на габичката кандида и може да се појави и кај млади девојки и кај повозрасни жени. Влажните услови дополнително ја влошуваат иритацијата, а доколку инфекцијата се појави во лето, може да биде навистина непријатна поради зголеменото потење и топлината.

Бактериска инфекција

Симптомите се слични како и кај габичната инфекција, освен што може исцедокот да биде обоен, да мириса непријатно и да има сомнителна текстура. Во глобала, и бактериската инфекција предизвикува чешање, непријатност и црвенило на кожата.

chetiri-prichini-zoshto-imate-iritacija-na-vaginata-02.jpg

Алергиска реакција

Кожата  на вагината е многу почувствителна за разлика од онаа, на пример, на рацете. Поради тоа може да реагира дури и на промена на вообичаениот вид на тоалетна хартија кој го користите. Ситуацијата може да се влоши и поради сапуни, парфимирана тоалетна хартија, хигиенски влошки, детергенти, тампони или од материјалот од кој е изработена долната облека.

Вагинална сувост

Најчеста е кај повозрасните жени, но може да се појави и кај младите, особено ако има промени во хормоналниот статус, но и поради депресија, стрес, поради цигари, за време на доење, па дури и за време на бременост. Најчесто лекот е во лубрикантите на база на вода.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg