10 нешта за мигрените кои не им се јасни на оние кои ги немаат

Ужасните мигрени не се ретка појава, а навистина фрустрира она што уште не е откриена точната причина која ги предизвикува, ниту пак е пронајден ефикасен и универзален лек.

10-neshta-za-migrenite-koi-ne-im-se-jasni-na-onie-koi-gi-nemaat-01.jpg

Она што уште повеќе фрустрира се коментарите на луѓето кои никогаш во животот не ја искусиле таа болка, особено кога се обидуваат да мудруваат на некој кој често страда од мигрени.

Обичната главоболка може да помине за неколку часа, но со мигрената е поинаку:

1. Има различни типови мигрени

Некои девојки ги имаат само во текот на месечниот циклус. Други луѓе можат да почувствуваат дека болката ќе премине во мигрена, а кај трети чувството е како некој да ги удрил со чекан по главата. Има и такви кои имаат заматен вид, кои се вознемирени или пак, гледаат аура.

2. Мигрените се позастапени кај жените

Повеќе од 60% од луѓето кои страдаат од мигрени се жени. Уште нема научно објаснување зошто тоа се случува.

10-neshta-za-migrenite-koi-ne-im-se-jasni-na-onie-koi-gi-nemaat-03.jpg

3. Предизвикуваат чувствителност на мириси

Луѓето кои страдаат од мигрена можат да бидат чувствителни на мириси до тој степен што дури и најдискретен и најпријатен мирис им создава мачнини и гадење.

4. Во САД, луѓето со мигрени имаат свои права

Според законите за работни односи во САД, луѓето кои страдаат од мигрени може да го известат претпоставениот и нивната дневна задача да биде преадаптирана или да бидат ослободени од работа. Но, многу работодавци не се информирани за ова.

5. Ви треба рутина за да успеете да се справите

Обидете се да воспоставите животна рутина со здрава количина на сон. Регистрирајте што јадете и пиете. Причините се индивидуални, па проценете самите што ви ги предизвикува мигрените.

10-neshta-za-migrenite-koi-ne-im-se-jasni-na-onie-koi-gi-nemaat-02.jpg

6. Постои поврзаност меѓу коликите и мигрените

Бебињата кои имаат колики, имаат и 10% поголеми шанси во текот на животот да страдаат од мигрени.

7. Мигрените се трета најчеста болест во светот

Мигрената е многу почеста од вкупниот број на заболени од дијабетес, епилепсија и астма.

8. Мигрените имаат и ефект врз емоциите

Постојаниот напон поради болките и неможноста за справување со нив, може да резултира и со ментални проблеми. Често, луѓето кои страдаат од мигрени имаат и епизоди на анксиозност или се депресивни.

10-neshta-za-migrenite-koi-ne-im-se-jasni-na-onie-koi-gi-nemaat-04.jpg

9. Обичните лекови против болка не функционираат

Аналгин, кафетин, аспирин... Ништо од ова не функционира против мигрени и има ефект како обична бонбона. Понекогаш е потребна комбинација од силни лекови против болка, кои одат на рецепт, лек за смирување, витамини и минерали за конечно нешто да почне да делува.

10. Ефектот може да трае со денови

Најчесто, проблемот не е само во мигрената. Откако ќе помине болката, често останува чувство на празнина во главата, умор, нарушена моторика, промени во апетитот и чувство слично на мамурлак.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg